17 кратки, но моќни лекции кои можете да ги научите од неуспешните врски
Автор: Сара Турановиќ
Среќните моменти, ноќите поминати во плачење после караницата, скршеното срце – сите овие животни искуства го збогатуваат нашиот живот и ни овозможуваат подобро да се справиме со сличните ситуации во иднина. Читателите на „Хафингтон пост“ ги споделија своите 17 највредни лекции кои ги научиле од своите неуспешни врски.
1. Во врската најважно е да го зачувате својот интегритет и личен простор. Споделете ги своите интереси со партнерот, но задржете нешто во кое ќе уживате само вие.
2. Ако сакате некој да ве слушне, мора да научите да зборувате. Ако сакате нешто да промените, тогаш мора да научите да слушате.
3. Важно е да пронајдете некој со кој ќе делите исти вредности, сè останато ќе дојде на место со тек на време.
4. Немојте да мислите дека некој е лош, можеби е само глуп.
5. Не може да сакате за двајцата.
6. Дури иако бракот не успее, разводот може да ве направи посилни.
7. Немојте стравот од неуспех да ве парализира и да ве натера да заборавите што навистина сакате.
8. Секој ден (по)кажувајте му на партнерот колку ви значи. Тој/таа би требало да го слуша тоа почесто.
9. Запрашајте се „Дали јас би излегол/ла со мене?“ Така ќе можете да ги видите сите ваши лоши страни и навики. Овој принцип ќе ви помогне да се справите со сличните ситуации во новата врска.
10. Добрата смисла за хумор и високата интелигенција траат подолго од добриот изглед.
11. Ситниците кои ве нервираат се она што најмногу ќе ви недостига откако ќе заврши врската.
12. Сосема е во ред да бидете пребирливи. Некои работи може да ги толерирате, додека други не. Најважно е да сфатите што сакате да толерирате, а преку што не можете да прејдете.
13. Вие сте господар на својата среќа. Мора да бидете задоволни со себе за да имате здрава и среќна врска.
14. Во врската не треба секогаш да дозволите срцето да го победува разумот.
15. Немојте да ги запоставите „предупредувањата“ бидејќи најверојатно се во право.
16. Не е добро да барате внимание. Треба да бидете во врска со некој кој навистина ве сака, а не со некој кој само се плаши да не остане сам.
17. Со комуникацијата не треба да го убедите партнерот дека греши, туку да му помогнете да ве разбере.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.