17 едноставни потсетници кои ќе ви помогнат да продолжите со животот кога ви е најтешко
Кога ќе научите да бидете благодарни за малите нешта во животот веднаш ќе почувствувате разлика од рутината во вашето секојдневие. Прифаќањето на ова гледиште може да нѐ заштити од претераното нагласување на важноста на лошите нешта кои се случуваат во нашите животи. А тоа ќе ни помогне да изградиме здрав и цврст став со кој ќе се справиме со непријатностите кои ги доживуваме во моментот.
Дури и да го добиеме она што го сакаме, ќе се соочиме со нови предизвици и одговорности кои ќе треба да ги надминеме. „Потребно е време да се остварат добрите нешта“ и „Никој досега не открил како“ се два моќни потсетници кои треба да ги повторуваме во себе секогаш кога ќе почувствуваме дека не знаеме што да правиме со нашите животи.
1. Верувајте дека ќе дојде вашата животна инспирација. Трошиме премногу време размислувајќи за тоа што треба да правиме кога ќе се случи тоа, наместо да го следиме нашиот инстинкт или возбудата што ја чувствуваме кон него.
2. Нашата инспирација можеби нема да ни го промени животот, но ќе нѐ насочи во правилната насока.
3. Престанете да размислувате дека вашиот живот треба да биде драматичен. Сите го чекате големиот пресврт, големиот момент кога вашите животи ќе се свртат наопаку, дека ќе се збогатите и ќе патувате низ светот. Лажните верувања водат до разочарување од нашите животи, па се присилуваме себеси на големи промени кои немаат никаква смисла за нас, мислејќи дека тоа е вистинската дефиниција за среќа.
4. Најдобриот начин да сфатите што сакате од вашите животи, е ако продолжите да правите мали чекори кон подобар живот, со мали промени после секој чекор.
5. Штом најдеме инспирација, не смееме да дозволиме да бидеме сопрени од неуспехот. Мора да продолжиме да се обидуваме повторно и повторно. Не постои нешто како почетничка среќа кога е во прашање животната цел. Колку повеќе се обидуваме, толку помудри и поумни ќе стануваме.
6. Не ја идеализирајте иднината и не го обвинувајте минатото. Кога се чувствуваме изгубени, имаме навика да го обвинуваме минатото за нашата моментална состојба, па ја идеализираме убавата иднина без вистински да се промениме.
7. Иако е полесно вината да ја бараме насекаде околу нас кога не сме среќни и не сакаме да ја преземеме одговорноста за нашата судбина, треба да запаметиме дека идеализирањето на иднината без притоа да бараме начини да ја направиме подобра, нема воопшто да ги промени нашите животи.
8. Најдоброто нешто што може да го направиме кога се чувствуваме вака е да се соочиме со себе за лошите работи што се случиле во минатото и да најдеме начин како би можеле да ги поправиме, за да ги избегнеме повторно истите стапици во иднината.
9. Исто така не треба да забораваме дека животот е колекција од контрадикции и нема секогаш да биде онака како што сме го замислиле.
10. Читајте книги и изгаснете го телевизорот. Читањето нѐ води во друг свет од лекции и упатства. Тивките моменти што ги поминуваме додека читаме книга, можат да имаат многу поголем ефект отколку која било серија што ја гледаме на телевизија. Книгите го хранат нашиот мозок и нудат вредни лекции кои нè можеме да ги научиме на ниедно друго место.
11. Успехот е субјективен и нема универзална дефиниција. Не постои вистински пат во животот или една дефиниција за успех. Лесно е да се занесеме во фантазиите, приказните и филмовите околу нас, но на крајот од денот секој ќе треба макотрпно да се потруди да го најде сопствениот пат до успехот.
12. Откривањето на нашите моќи ќе ни помогне да научиме како да ги искористиме во нашите моментални животни улоги и ќе ни даде повеќе самодоверба која ни е потребна во нашиот живот.
13. Првото нешто кое ви е потребно за да се справите со несигурноста во животот е да научите да имате трпение со себе и сѐ околу вас, како и трпение за животот кој го посакувате.
14. Второто нешто е да научите да се откажете од нереалните очекувања кои ги имате, старите навики кои ве задржуваат во минатото и огорченоста која го гризе вашето срце.
15. Семејството и пријателите се тука да ни овозможат поддршка. Тие ќе бидат секогаш тука за нас кога ќе се почувствуваме изгубени и со својата мудрост ќе ни помогнат повторно да застанеме на нозе.
16. Промената е единствената константа во животот, па треба да дадеме сѐ од себе за да ги прифатиме промените кои доаѓаат кон нас и оние што се случуваат во нас.
17. Нашите животи немаат краен рок. Некогаш се обидуваме да направиме нешто за набрзо да сфатиме дека тоа воопшто нема да нѐ задоволи. Но, тоа не е крај на светот. Така ќе дознаеме што не функционира во нашите животи, за да можеме да откриеме како сето тоа да проработи во иднина.