17 едноставни начини за детоксикација на вашиот живот

17 едноставни начини за детоксикација на вашиот живот

Околината е еден од најважните фактори при обликување на нашето општо здравје. За жал, нашата околина изобилува со многу штетни елементи кои влијаат негативно врз телото, а особено врз хормоните. Некои од овие токсини дури знаат да ја имитираат улогата на естрогенот во телото, а со тоа да предизвикаат низа од несакани компликации кои се поврзуваат со појавата на рак и неплодност. Но, имаме и добри вести. Постојат неколку едноставни промени кои можете да ги направите во вашиот начин на исхрана и во животниот стил со цел да ги избегнете овие несакани последици и да го зголемите вашето општо здравје на оптимално ниво.

17 едноставни начини за детоксикација на вашиот живот

1. Инвестирајте во добар и квалитетен вграден филтер за вода на вашата чешма.

2. Користете шише за вода од челик кој не ‘рѓосува наместо пластичните шишиња.

3. Секогаш кога можете купувајте органска храна. Кога не сте во можност да го сторите тоа, излупете ја кората од овошјата или зеленчуците со цел да ги тргнете пестицидите.

4. Наместо пржење, обидете се да готвите на пареа или на скара.

5. Купувајте пијалаци во стаклена амбалажа, наместо во пластика или картон (и не заборавајте да рециклирате).

6. Организирајте го вашиот ден така што ќе поминувате најмалку време во сообраќај.

7. Намалете го конзумирањето на алкохол.

8. Одбегнувајте да пиете таблети и капсули кога вашето тело може само да се избори. Доколку не станува збор за сериозна болест, обидете се да побарате помош од нутриционист или доктор по алтернативна медицина.

9. Преминете на природни детергенти за чистење во домот.

10. Намалете го конзумирањето на месо, млечни и мрсни производи, а кога јадете месо, секогаш одбирајте го она кое потекнува од животни кои биле органски исхранувани.

11. Не загревајте храна во пластика.

12. Намалете го вашето изложување на храна во пластика, наместо тоа користете хартиени вреќи за чување на вашето овошје и зеленчук.

13. Одбегнувајте овошје и зеленчук од конзерва.

14. Употребувајте дезодоранс кој не содржи алуминиум.

15. Намалете со употребата на парфем. Дури и кога го користите, прснете на вашата облека наместо на вашата кожа.

16. Не одете во солариум и не употребувајте продукти за вештачки тен.

17. Секогаш кога имате можност, одбирајте природни продукти за грижа на вашата кожа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар