16 знаци дека вашиот партнер манипулира со вас

16 знаци дека вашиот партнер манипулира со вас

Љубовта знае да ни ги затвори очите. Дали постојано сте под притисок да ги задоволите желбите на вашиот партнер? Дали ви забранува некои работи, прави да се чувствувате помалку вредни и ги искористува вашите слабости? Обрнете внимание на овие 17 знаци што покажуваат дека вашиот партнер е манипулативен.

16 знаци дека вашиот партнер манипулира со вас

1. Прават да си го преиспитувате здравиот разум

Во кавга може да ве наречат со погрден збор или да речат нешто друго што ќе ви ги повреди чувствата, но после тоа негираат дека рекле такво нешто. Дали сте луди? Дали ви се причинуваат нештата? Не.

2. Ги искористуваат вашите слаби страни

Ги знаат вашите јаки и слаби страни, но ги искористуваат вашите слабости за да добијат нешто во нивна корист. Тоа не е добро и во никој случај не е љубов. Знаат која е вашата слаба точка и многу често ја користат за да добијат нешто или да ви ја намалат самодовербата.

3. Сакаат постојано да се во ваша близина

Закачени се за вас како пијавици и најлошо од сè, отворено покажуваат дека не им се допаѓа тоа што минувате време со вашите другарки или членовите на вашето семејство. Вашиот партнер треба да ги прифати вашите блиски како свои, а не да се труди да ве раздели од нив за да ве има само за себе правејќи ве зависни од него/неа.

4. Зборуваат за идни планови, но не преземаат ништо

Зборуваат за заедничка иднина, за посериозни чекори во врската, но не преземаат ништо и остануваат само на зборови. Најчесто тоа го прават со цел да добијат нешто во моментот и да ви обезбедат лажна сигурност.

5. Ви забрануваат да ги правите работите што ги сакате

Дали уживате да земате часови по јога или да гледате фудбал со пријателите? Вашиот манипулативен партнер ќе ви го извади низ нос тоа што уживате правејќи нешто. Може дури и да ве навреди, па и да проба да ви забрани да правите нешто. Оној кој ве сака ве поддржува во нештата за кои негувате страст и љубов.

6. Ви поставуваат правила за однесување во врската

Поставуваат правила, но тие самите не ги почитуваат. Љубовта е партнерство, а не диктаторство. Никој не смее да ви кажува што смеете а што не смеете да правите.

7. Прават секогаш да се чувствувате виновни

Чувствувате дека секогаш сте виновни, а тој/таа е во право. Ќе ве наведе да се чувствувате виновни додека неговите/нејзините чувства се повредени. Не, размислете трезвено, не направивте ништо лошо и не е можно секогаш сè да правите погрешно додека тој/таа е жртвата. Така вашиот партнер ќе ве набеди дека никогаш не издвојувате време за него па ќе го откажете дружењето со другарките по трет пат неделава. Вие сте изманипулирани.

16 знаци дека вашиот партнер манипулира со вас

8. Секогаш е по нивно

Од најбанални до најважни работи. Вашиот партнер одлучува каде ќе одите, што ќе правите, што ќе јадете, каков поклон ќе купите, дури и како ќе се облечете.

9. Често ви кажуваат што би можеле да промените во вашиот карактер/изглед

Доколку сакаш некого го прифаќаш таков каков што е. Никој не е совршен. За нешто што ви пречи во ред е да разговарате, но доколку често ви нафрла критики наместо комплименти само покажува колку е несигурен/на во себе, правејќи да се чувствувате мизерно.

10. Инсистираат да минувате повеќе време во нивниот дом

Доколку има дилема каде да се гледа филм тоа ќе биде неговиот/нејзиниот дом.

11. Повеќе „ве сакаат“ навечер отколку наутро

Страсни се после вечера, но ладни после појадок. Тоа не е љубов туку корист. Навечер ви симнуваат ѕвезди, но утрото ви ја покажува вистинската слика. Исто, често менуваат расположение. Оваа минута се среќни и ве сакаат, во наредната почнуваат кавга.

12. Ве тераат да го прилагодите вашиот распоред според нивниот

Предност секогаш имаат неговите/нејзините обврски што прави да се чувствувате како сè што правите да не е доволно важно и значајно. Неретко прават несигурни планови кои многу често се менуваат.

13. Често ви кажуваат дека не вложувате доволно во врската

Што прави да се трудите уште повеќе, но залудно. Не треба никому да му робувате туку треба и двете страни да вложат еднаков напор во градењето на врската и компромисите.

14. Прават добри нешта кога сакаат нешто за возврат

Ќе ви зготват вечера, но уште не сте го дојале оброкот и веќе (ин)директно ви се наметнува она што од вас се очекува за возврат.

15. Често забораваат што ветиле

Забораваат важни нешта, особено оние кои не ги засегаат. Требаше да одиме на ручек кај сестра ти? Никогаш не си ми кажал/а! Исто, неретко забораваат што ветиле или каква услуга сте побарале од нив.

16. Кога ќе ве повредат бараат изговори

Кога ќе ви рече нешто грубо, само сакал/а да направи „сериозен муабет со вас“ за „ваше добро“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. ACE Reply

    BAS MI SE SIMPATICNI OVIE PSIHOLOZI

Остави коментар