16 знаци дека имате слаб имунолошки систем
Имунолошкиот систем е првата и вистинска бариера што ги спречува болестите да влезат во вашето тело. Во продолжение прочитајте кои знаци откриваат дека имате слаб имунитет.
1. Постојано ладни раце – ладните раце можат да бидат последица на пушење цигари, но и еден од знаците на ослабен имунолошки систем.
2. Запек или дијареја што трае подолго од 2 недели – дигестивниот тракт е поврзан со имунолошкиот систем, а цревата мора да работат како часовник, само тогаш сте здрави.
3. Сувост на слузокожата на очите – пецкањето и болката во очите може да бидат знак на проблеми со имунолошкиот систем.
4. Постојана слабост и замор – многу брзо се заморувате, заспивате и не сте физички активни или изложени на стрес.
5. Температурата од околу 37 Целзиусови степени што трае неколку дена е знак дека вашиот имунолошки систем е нарушен.
6. Главоболки кои не се силни, но траат со денови.
7. Осип – кожата е дел од вашиот одбранбен систем: таа е природна бариера против микроорганизмите што предизвикуваат болести. Чешањето, осипот и воспалението на кожата секогаш треба да бидат предупредување дека нешто се подготвува за да го нападне вашиот имунолошки систем.
8. Болки во зглобовите – не купувајте масти кои ја ублажуваат болката, туку водете сметка за зајакнување на имунитетот.
9. Паѓањето на косата е знак дека имунолошкиот систем не функционира добро.
10. Чести настинки, проследени со компликации. Ако пиете антибиотици двапати годишно или повеќе, тоа е знак дека мора да поработите на вашиот имунитет.
11. Чувствителност и изгореници од сонце.
12. Вкочанетост на екстремитетите – повремената вкочанетост на екстремитетите е нормална, но постојаната укажува на слаб имунолошки систем.
13. Тешкотии при голтање.
14. Неразумно намалување или зголемување на телесната тежина.
15. Бели дамки на кожата.
16. Жолти белки или жолти дамки на белките во окото.
Следете ги сигналите што ви ги праќа вашето тело и одете на редовни прегледи затоа што тоа е единствениот начин на кој можете да спречите развој на сериозни болести.
Прочитајте кои додатоци во исхраната навистина може да го зајакнат имунитетот.