16 знаци дека го привлекувате и ментално, а не само физички

16 знаци дека го привлекувате и ментално, а не само физички

Несомнено е дека физичката убавина е важна кога станува збор за привлекување на некоја личност. Но, во никој случај таа не е доволна. Постојат многу работи кои се дел од еден карактер кои со текот на времето доаѓаат до израз и ви помагаат да одржувате стабилна и здрава љубовна врска. Покрај тоа што го привлекувате партнерот физички, постојат и неколку знаци кои покажуваат дека го привлекувате и ментално. Во продолжение погледнете дали ќе го пронајдете во некои од нив.

16 знаци дека тој ве привлекува и ментално, а не само физички

1. Кога ви дава комплименти, споменува многу повеќе од само вашите очи или вашиот задник. Ви дава комплименти за вашата добрина, за насмевката или за интелигенцијата.

2. Ако поминете цел ден заедно и на крај немате секс, тогаш тој нема да се жали за тоа, затоа што нему му е важно да поминува време со вас.

3. Понекогаш разговарате за секс и слични работи, но најчесто вашите разговори се засноваат на работата и коментирање на некои нови идеи. Вие двајцата можете да зборувате со часови, без да ви стане досадно.

4. Тој сака кога му испраќате слики, но не само провокативни. Со задоволство би ве погледнал како си го ставате кремот против акни.

5. Неговите омилени средби се оние кога можете да разговарате, а не само да бидете тивки и да се гушкате.

6. Тој ве смета за најубави секогаш кога разговарате за вашата кариера, за вашето хоби, или пак за нешто друго за што имате страст.

7. Постојат моменти кога лежите голи во кревет, па продолжувате да зборувате за светските феномени…

8. Ве бакнува кога ќе кажете некоја шега или некоја забавна приказна.

16 знаци дека тој ве привлекува и ментално, а не само физички

9. Ужива да игра ментални игри со вас.

10. Кога ви дава подароци, тоа не е накит кој едноставно може да го купи од продавница. Тој се труди да направи нешто уникатно, што ќе ве потсетува на вас двајцата.

11. Кога им зборува на своите пријатели за вас, тој не им покажува само фотографија или пак им зборува за вашиот сексуален живот, туку им зборува и за вашата кариера и успесите.

12. Тој ве слуша кога зборувате. Ако не се отворате премногу лесно, тој ќе ве охрабри на тој начин што ќе ви поставува прашања за вас и ќе бара ваше мислење за нешто.

13. Ужива да ве гледа среќни – кога си играте со вашиот домашен миленик, кога читате книга или кога се смеете со вашите пријатели.

14. Не му е гајле дали вашата шминка е уништена или имате ново мозолче.

15. Со возбуда ве претставува пред неговите пријатели, затоа што знае дека тие ќе ве сакаат. Кога ви набројува зошто ве сака, вашата убавина е само дополнителна. Сите негови омилени нешта се дел од вашиот карактер и вашата личност.

16 знаци дека тој ве привлекува и ментално, а не само физички


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар