16 совети за родители што ќе го подготват вашето дете за реалниот свет
9. Правда
Ако имате две деца, понекогаш може да биде тешко да им ја објасните правдата и зошто не можат сами да ги изедат сите чоколади. За да им стане јасно, на закачалка за облека закачете два сада. Наполнете ги со чоколада, колачиња и слично и балансирајте ги. На овој начин на децата ќе им стане јасно како да делат и ќе престанат да се расправаат кој треба да добие повеќе.
10. Облекување
Со правилниот став, и подготвувањето за на училиште може да биде забавно. Однапред фотографирајте ја облеката што детето треба да ја носи тој ден и замолете го да ги најде сите парчиња. Постои можност оваа здодевна секојдневна задача да се претвори во забавна детективска игра.
11. Утринска рутина
Ставете паста и четка за заби, крпа и четка за коса во разни чаши и нумерирајте ги. Благодарение на овој метод, детето нема да испушти ниту еден чекор.
12. Редовно миење на забите
Секој родител знае дека на децата им е полесно да учат додека си играат. Па, можете да го претворите здодевното миење заби во возбудлива задача. Најдете некоја слика на Интернет или самите нацртајте табела за миење заби. Закачете ја во тоалетот и во близина поставете шарени маркери. Замолете го детето да ја пополнува табелата секогаш кога ги мие забите – сонце за наутро и месечина за навечер.
13. Одржување на хигиената во домот
Децата навистина сакаат да ги расфрлаат нивните играчки насекаде. Па, одберете едно место во домот каде што детето сака да си игра и обележете го со самолеплива лента во боја. Правилото е: Ниту една играчка не смее да излезе надвор од линијата.
14. Внимателно користење лепило
Кога децата работат на уметнички проект, обично го употребуваат целото лепило за 5 минути и прекриваат сè со него. За да го избегнете ова земете еден сад, ставете влажен сунѓер во него и на него ставете лепило. Доволно е детето да ја притисне хартијата врз сунѓерот за да нанесе лепило на неа.
15. Брзо собирање мали играчки
Лего коцките и другите мали играчки се вистинска главоболка за родителите – постојано ги нагазуваат, а собирањето троши многу време и енергија. За да се ослободите од нередот, едноставно користете лопатка.
16. Следење на распоредот
Часовникот и шарените маркери можат да го научат вашето дете како да го организира времето. Обојте ги деловите од часовникот кои се за разни обврски – 17-18 часот домашно, 18-19 часот вечера и слично. Објаснете му ја техниката на детето. На овој начин ќе му биде многу полесно да се држи до неговиот распоред.
Бидејќи живееме во општество во кое понекогаш му се дава големо значење на физичкиот изглед, погледнете како да го научите вашето дете да го сака неговото тело.