16 совети за родители што ќе го подготват вашето дете за реалниот свет
Една индиска поговорка вели: Третирајте го детето како гостин во вашиот дом – хранете го, учете го, а потоа пуштете го. Овој концепт е навистина добар и предлага да почнете да ги учите децата да стануваат самостојни уште од многу рана возраст. Овие практични совети и трикови ќе му помогнат на вашето дете да стане понезависно од вас.
1. Правилно држење ножици
Децата често забораваат како правилно да држат пар ножици. Помогнете му да се сети како да ја постави раката и да избегне повреда така што ќе нацртате мало насмеано лице на неговиот палец. Потоа кажете му дека секогаш треба да се смее кон него.
2. Самодисциплина
Овој едноставен метод е одличен за создавање самодисциплина.
- Земете лист хартија во А4 формат и превиткајте го на половина. Направете мали засеци на долната половина.
- Ставете стикери на горните и на долните делови.
- Запишете по една обврска на секој „прозорец“ како „намести го креветот“, „измиј ги забите“ и слично. Додајте и илустрации со обврските.
- Нацртајте зелен знак за штиклирање на задната страна од листот за да покажете дека задачата е завршена.
Оваа листа со обврски можете да ја закачите во собата на детето и да служи како потсетник на неговите утрински обврски.
3. Врзување врвки
Понекогаш е навистина тешко да го научите вашето дете да си ги врзува врвките. Па затоа направете едноставен симулатор што ќе ви ја олесни работата. Нацртајте пар чевли на картон, направете мали дупчиња и додајте ги врвките.
4. Копчиња
Можете да ја направите оваа забавна играчка што ќе му помогне на вашето дете да закопчува и откопчува копчиња. Исечете црв од хартија во боја, зашијте му копчиња и залепете платно со мали засеци на него.
5. Кажување на времето
Овој едноставен трик ќе му помогне на вашето дете брзо да научи да го кажува времето.
- Земете две хартиени чинии. На првата напишете ги броевите што ги претставуваат минутите (5, 10, 15…). Напишете ги броевите од 1 до 12 на втората и направете мали засеци помеѓу нив. Ставете ја првата чинија под втората.
- Употребете шпенадла и две хартиени стрелки на кои ќе напишете „часови“ и „минути“ и спојте ги чиниите.
- Менувајте ја позицијата на стрелките и прашувајте го детето колку е часот.
На овој начин ќе ја демонстрирате поврзаноста помеѓу минутите и часовите. Само превиткајте го делот на часовникот за да покажете кои минути се кријат под кој час.
6. Добри манири на маса
Многу чинии можат да се скршат додека детето учи како да јаде и да се однесува на маса. Зa да го избегнете ова залепете две лепенки со вакуум на долниот дел од чинијата.
7. Броење
Детето може да научи основна математика со шарени Лего коцки.
- Направете картички од хартија и на нив запишете броеви.
- На секоја картичка нацртајте шарена кула со ист број коцки колку напишаното.
- Детето треба да ја изгради истата кула како на картичката.
8. Временски сезони
Оваа играчка ќе му помогне на детето да ги запомни сезоните.
- Направете 5 кругови од хартија од различни бои. Белиот круг е основата. На него залепете кафеаво стебло од дрво. Свиткајте ги останатите кругови на половина.
- На половина круг нанесете лепило и залепете го за белиот. Лепете ги листовите еден врз друг.
- Последниот круг треба да биде залепен за основата за да изгледа како книга.
- Секој круг е сезона, па декорирајте го според тоа. На пример, додајте снег за зима, цветови за пролет, зелени листови за лето и жолти листови за есен.
Продолжува на следната страница…