16 совети за промена на вашиот моден стил

16 совети за промена на вашиот моден стил

Сакате да смените нешто во вашиот стил на облекување? Почнете од тука.

1. Пред сè инвестирајте во градник

16 совети за промена на вашиот моден стил

Одберете го совршениот градник за вас. Имало милиони комбинации кои за малку ќе биле одлични, но градникот едноставно не бил погоден.

2. Визуелно издолжете ги нозете

2-16-soveti-za-promena-na-vashiot-moden-stil-kafepauza.mk

Одберете високи потпетици кои се иста боја со панталоните, тоа визуелно ја издолжува вашата нога.

3. Експериментирајте со бојата на карминот

3-16-soveti-za-promena-na-vashiot-moden-stil-kafepauza.mk

Истакнатите усни му даваат посебна црта на вашиот изглед.

4. Сè е во слоевите

4-16-soveti-za-promena-na-vashiot-moden-stil-kafepauza.mk

Блуза, кошула, јакна и така натаму… Овие елементи едни без други би изгледале нецелосно.

5. Инвестирајте во супер комфорни пижами

5-16-soveti-za-promena-na-vashiot-moden-stil-kafepauza.mkУбави и удобни пижами. Но, носете алишта кои се комфорни и не изгледаат како да се пижами или облека за во вежбање.

6. Никогаш не ја потчинувајте моќта на накитот

6-16-soveti-za-promena-na-vashiot-moden-stil-kafepauza.mk

Замислете ја класичната комбинација на црно здолниште над колена и кошула. На неа додадете некој впечатлив ѓердан и едноставен часовник. Сликата е целосна – Совршени сте и блескате!

7. Соединете ги боите

16 совети за промена на вашиот моден стил

Носете бои или уште подобро носете само една боја која ќе ви го подобри и истакне расположението.

8. Уште вечерта одберете што ќе носите следниот ден

8-16-soveti-za-promena-na-vashiot-moden-stil-kafepauza.mk

На сите ни се случува да го облечеме „првото што ќе го фатиме“. Ајде „првото што ќе го фатиме“ да бидат веќе одбрани алишта.

9. Направете баланс помеѓу горниот и долниот дел од телото

9-16-soveti-za-promena-na-vashiot-moden-stil-kafepauza.mk

Доколку носите тесни едноставни фармерки, тогаш додајте впечатлив ѓердан или шапка на вас. Доколку пак носите панталони со голем и впечатлив каиш, тогаш не додавајте марами или други додатоци во горниот дел на телото.

10. Запаметете: Сè е во деталите

10-16-soveti-za-promena-na-vashiot-moden-stil-kafepauza.mk

За да се остави целосен впечаток со облеката потребно е да обрнете внимание на и на останатите детали. Средена коса, нокти, прецизно нанесена шминка и складни потпетици.

11. Одберете си удобна долна облека

11-16-soveti-za-promena-na-vashiot-moden-stil-kafepauza.mk

Посебно ако знаете дека некој ќе ја види! Но, настрана тоа. Секако е подобро да носите долна облека која ви прилега. Нема ништо полошо од нескладна долна облека која открива премногу или прави како да имате нешто вишок. Затоа одберете удобна долна облека со која нема да бидете оптоварени дали нешто„ќе испадне“.

12. Шапки, шапки, шапки

12-16-soveti-za-promena-na-vashiot-moden-stil-kafepauza.mk

Дава посебна црта во вашиот стил и понекогаш се многу корисни, особено кога немате доволно време да ја средите косата.

13. Едноставност

13-16-soveti-za-promena-na-vashiot-moden-stil-kafepauza.mk

Размислете добро за вашиот изглед, дали постојано сакате да одите во тоалетот и да ја проверувате вашата шминка и алишта?

14. Плетенка

14-16-soveti-za-promena-na-vashiot-moden-stil-kafepauza.mk

Обична или некоја тотално шик – Класиката останува класика!

15. Светот е твојата модна писта

15-16-soveti-za-promena-na-vashiot-moden-stil-kafepauza.mk

Токму така треба да се однесувате. Носете го она што го сакате и што мислите дека ви стои добро и не обрнувајте внимание што другите мислат за тоа.

16. Самодовербата е најважниот додаток

16-16-soveti-za-promena-na-vashiot-moden-stil-kafepauza.mk

Без оглед што носите, ако вие се чувствувате самоуверено тоа ќе изгледа најубаво!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар