16 работи кои треба да ги знаете ако сте вљубени во интроверт
Интровертните личности делуваат тивко, затворено и срамежливо. Поради тоа оставаат впечаток како да кријат нешто и дека не сакаат многу да се дружат со другите, но тоа не е вистина. Ова се дел од нивните карактеристики кои ќе ви помогнат подобро да ги разберете и со тоа повеќе да ги почитувате.
1. Сакаат време за себе
Интровертите сакаат да поминат некое време сами со себе. Тоа им дава можност да си ги средат мислите и да се мотивираат за она што следува. И на екстровертите им треба време насамо, но кај интровертите таа потреба почесто се појавува.
2. Не сакаат гужви
Тие не сакаат да поминуваат долго време во гужви. Сакаат да бидат дел од концерти, спротски натпревари и карневали, но по некое време пак им се појавува потребата да бидат сами. Често пати преферираат во петок навечер да останат дома и да читаат книга или да гледаат филм наместо да се забавуваат во гужвите по дискотеките.
3. Ги сакаат луѓето
Интровертните личности не се анти-социјални. Напротив, многу им е потребно туѓото друштво, само не во количина како и екстровертите. Ним само им треба повеќе време да ве запознаат пред да се отворат пред вас. Не им треба голема група на пријатели, туку неколку луѓе кои добро ќе ги познаваат и со кои ќе можат подобро да се поврзат на емоционално ниво. Имаат многу познаници, но малку вистински пријатели.
4. Понекогаш им завидуваат на екстровертите
Екстровертите привлекуваат и добиваат повеќе внимание од нив, па затоа тие потајно им завидуваат поради тоа. Се прашуваат какво е чувството да си дел од голема група и тоа да ти дава енергија.
5. Многу се интроспективни
Тие сакаат да се набљудуваат себеси и да ги следат своите емоции. Во нивната природа е да анализираат ситуации на кои не им треба анализа. Причината не е тоа дека не ги разбираат тие ситуации, туку само бараат подлабоко значење во целата работа.
6. Одлични слушатели се
Тивки се, не зборуваат многу, но затоа знаат одлично де ве сослушаат. Тоа им дава можност да испитаат дали сте тип на личност која можат да ја пуштат во нивниот мал круг на блиски луѓе, а е добра шанса и да анализираат малку.
7. И тие се забавуваат
Забавата е чувство. Тоа што некој прави една или друга работа за да му биде забавно не значи дека секој ќе се чувствува на истиот начин правејќи го тоа. Иако интровертите изгледаат како да се осамени, тие постојано се забавуваат. Без разлика дали го прават тоа сами со себе читајќи добра книга или уживајќи со еден или двајца пријатели во природа, тие постојано прават нешто кое секојдневието им го исполнува со задоволство.
8. Не сакаат да бидат во центарот на вниманието
Повеќето интроверти сакаат да бидат секаде по малку, но работите да ги следат од страна без да бидат забележани. Тоа не е затоа што сакаат да скријат нешто, но едноставно нивните ментален склоп е таков што ги тера да го избегнуваат центарот на вниманието. Тоа не значи дека немаат што да кажат, но повеќе сакаат да ги слушаат другите и да размислуваат за тоа.
9. Не сакаат да зборуваат премногу за себе
Како што веќе кажавме, тие прво сакаат од безбедна дистанца да ги запознаат другите пред да зборуваат за себе. Во такви моменти оставаат впечаток на срамежливи личности, но не се такви. Можат долго да водат интересен разговор со вас, но при тоа само малку да ви откријат за себе.
10. Подобро работат во мали групи
Работодавците треба да имаат предвид дека интровертите најдобро се снаоѓаат во помали групи во кои добро ги познаваат своите колеги. Друга причина е тоа што кога помалку очи се свртени кон нив, ним им е полесно да го дадат најдоброто од себе.
11. Забележуваат работи кои другите ги превидуваат
Нивната интроспективност им дава таква аналитичност и длабочина во размислувањето, што тие лесно можат да забележат работи кои другите не ги гледаат. Тие изгледаат како да ги разрешуваат проблемите на некој магичен начин.
12. Лесно го сфаќаат туѓиот начин на размислување
Интровертите ќе разговараат со вас, ќе ве анализираат и добро ќе го разберат вашиот начин на размислување. Дури и да не се сложуваат со она што го велите, тие сепак ќе знаат зошто и како сте дошле до таков став.
13. Не се секогаш срамежливи
Интровертноста и срамежливоста се две сосема различни работи кои се манифестираат на многу сличен начин, па затоа кога луѓето површно формирата мислење за некој интроверт веднаш му лепат етикета на срамежлив. И екстроверите можат да бидат срамежливи. Инторвертите не се срамат од други луѓе, само се порезервирани.
14. Енергичните луѓе ги исцрпуваат
Кога покрај себе имаат некој кој внесува живост и енергија во воздухот, тие чувствуваат дека мораат да се носат со тоа. Но, таквото однесување не е дел од нивната природа и затоа тоа ги исцрпува.
15. Сакаат работите да ги работат полека
Ним им треба повеќе време да тргнат напред. Не се мрзливи, не се плашат, но сакаат полека да грабат напред. Сакаат да се добро подготвени пред да го направат следниот чекор.
16. Има многу типови на интровертни личности
За да ги раберете интровертите, мора да разберете дека постојат многу типови на интроверти. Има многу луѓе кои можат да се наречат така, но сите се различни меѓу себе и различно реагираат во различни ситуации. Кај многумина од нив ќе забележите и карактеристики на екстроверти. Не можете да ги дефинирате со еден збор и затоа треба да се обидете добро да ги запознаете пред да формирате мислење.