16 причини зошто вашето момче ве третира лошо
Многу малку можете да промените во врска со ова. Она што можете да го промените е во делот со комуникацијата и искреноста – преку што само ќе си потврдите дека не треба повеќе да вложувате во таа врска, бидејќи вашите вредности, мотиви, желби и цели потполно се разликуваат.
Во ред е некому да му дадете шанса бидејќи на тој начин ги почитувате своите чувства. Но, не можете долго време да глумите дека сè е во ред, затоа што ако вашиот партнер не ги почитува вашите чувства, тоа веќе не е партнерство. Погледнете го списокот на можните 16 причини зошто вашето момче ве третира лошо.
1. Нема сериозни намери – Можеби никогаш ги немал, а можеби и ви го кажал тоа, само не сте го сфатиле сериозно. Тој не го сака истото што и вие.
2. Си игра со вас – Забавно му е да ја испробува неговата машка моќ над вас. Ве тестира и проучува како функционира она клише за тоа дека колку повеќе ве одбива и ве држи во несигурност, толку повеќе ќе го сакате.
3. Недостаток на комуникација – Можеби погрешно се разбирате, бидејќи никогаш не разговарате отворено за вашите чувства, желби, намери и цели. Пробајте да разговарате чесно и искрено.
4. Има проблем со некоја зависност – Земете ја предвид и можноста дека можеби е зависник и обрнете внимание на симптомите. Зависниците немаат вистински пријатели и љубов, бидејќи имаат еден приоритет во животот. А вие не сте ниту медицинска сестра ниту терапевт, туку вам ви се потребни активни партнерски односи.
5. Му фали домашно воспитување – Немало кој да го научи на манири, па не знае како да постапува и да комуницира со жените како вистински џентлмен. Можеби може да научи, освен ако однесувањето не му е во комбинација со уште некоја причина од останатите.
6. Ве користи – За секс, да му правите друштво, да се чувствува како да има некого, дека не е сам. Ако од вас позајмува пари, од која било причина, и ве убедува дека дупло ќе ви ги врати ако излезе добро неговиот план, тогаш тој ве лаже и ве искористува. И најверојатно не сте единствената жена што го има тоа искуство со него.
7. Досадна сте му – И повеќе не е заинтересиран за вас. Со вас е сè додека не најде некоја нова. Најверојатно сите врски му завршуваат на овој начин.
8. Не сте му важна толку многу како што тој ви е важен вам – Ние многу често ги ставаме мажите во центарот на нашиот свет и не ни е јасно зошто кај нив не е исто. Поважни му се: работата, пријателите, хобито. Сепак, ако секогаш тие нешта му се поважни од вас, веројатно вие и не сте му толку многу важна.
9. Мисли дека сте премногу нападна – И постојано се брани. Премногу сте отворена, искрена, страсна, а тоа не е по негова мера. Тој сака дистанца. Никогаш нема да се прилагоди на тоа, а исто така нема да ви го пружи оној интензитет што вие го барате.
10. Ви се одмаздува – Вратете си го филмот, можеби со неговото однесување ве казнува за некоја ваша постапка.
11. Кукавица е – Можеби сака да раскине, но мрази да се соочува со тоа и не сака тој да биде крив, па целата вина ја префрла на вас за на крај вие да го оставите него.
12. Мисли на некоја друга – Можеби е заљубен во друга жена. Болно, но ако тоа навистина е така, тогаш нема што да барате повеќе со него.
13. Го нервира тоа што сте премногу врзана за него – Беспомошнa сте без него, зависите од неговите асистенции во практичните работи, од неговото присуство и внимание. Тоа го нервира и затоа го намалува неговото внимание кон вас, бидејќи не може да ви каже „порасни, стани независна и биди жена“.
14. Не го разбирате – Можеби тој е сосема добро момче, но не ги исполнува вашите услови за тоа како треба да изгледа совршеното момче. Можеби ви се чини дека тој е ладен кон вас, бидејќи тој својата приврзаност ја искажува на друг начин. Обрнете внимание.
15. Имате различни потреби – За вас е потребно да се гледате секој ден, а додека тој мисли дека гледањето еднаш во неделата е сосема во ред. Ова нема да оди.
16. Тој е лоша личност – Ова не е крајна и последна можност, иако е на последното место. Распрашајте се малку за него, слушнете што другите ќе кажат за него. Лошиот човек не е лош само во врските, туку има и бивши пријатели кои ги издал и предал.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.