16 причини зошто лимоните се најкорисното овошје - Part 2

16 причини зошто лимоните се најкорисното овошје

9. Расадник

(9)16-prichini-zoshto-limonite-se-najkorisnoto-ovoshje-kafepauza.mk

Лимоните можете да ги користите и за правење расад. Исцедете го сокот и ставете ги семките заедно со малку земја во лимонот. Потоа расадот можете да го ставите во саксија заедно со кората од лимонот.

10. Отстранете ја миризбата од обувките

(10)16-prichini-zoshto-limonite-se-najkorisnoto-ovoshje-kafepauza.mk

Ставете свежа кора од лимон во вашите обувки која ќе ги впие непријатните миризби преку ноќта.

11. Држачи за свеќи

(11)16-prichini-zoshto-limonite-se-najkorisnoto-ovoshje-kafepauza.mk

Можете да користете лимон, лимета или портокал. Отстранете ја пулпата и наполнете ја половината од овошјето со восок.

12. Подобрете го целокупното здравје

Комбинацијата од лимонов сок и сода бикарбона го регулира нивото на лошиот холестерол, го чисти црниот дроб и е полна со витамин Ц. Додајте мала лажичка сода бикарбона и сок од половина лимон во чаша минерална вода и испијте го пијалакот наутро. Пијте го две недели, а потоа направете пауза од уште две недели.

13. Чистење нерѓосувачки челик

(13)16-prichini-zoshto-limonite-se-najkorisnoto-ovoshje-kafepauza.mk

Корите од лимон со сода бикарбона ќе ги направат површините од нерѓосувачки челик блескави.

14. Отстранете ги дамките од бобинки

(14)16-prichini-zoshto-limonite-se-najkorisnoto-ovoshje-kafepauza.mk

Кога подготвувате свежи бобинки сигурно ќе си ги извалкате рацете. Сокот од лимон ќе ви помогне да ги отстраните дамките од вашата кожа. Исто така можете да ги отстраните и дамките од вашата облека. Исперете ја облеката со ладна вода, а потоа неколку минути оставете ја во сок од лимон.

15. Ослободете се од инсектите

(15)16-prichini-zoshto-limonite-se-najkorisnoto-ovoshje-kafepauza.mk

За да ги држите мравките настрана од вашиот дом, ставете малку лимонов сок на прозорците и на вратите. За да се ослободите од комарците, на лимон пресечен на половина ставете неколку суви каранфилчиња.

16. Избелување на пазувите

Киселоста на лимонот ќе ја осветли вашата кожа и ќе ги отстрани мртвите клетки. Секој ден пред да се туширате, истријте ги пазувите со парче лимон. Се разбира, не заборавајте да нанесете и крема за навлажнување бидејќи лимонот ја суши кожата. Резултатите се видливи по само 7 дена.

Погледнете и зошто кората од лимон е најевтината инвестиција за вашето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар