16 причини зошто лимоните се најкорисното овошје
Многу од обичните работи кои ги имате дома можете да ги употребувате и за други нешта, како на пример за чистење, ако знаете како. Во продолжение погледнете ги 16-те необични примени на обичниот лимон. Ќе сфатите дека ова овошје е навистина корисно.
1. Средство за чистење
Излупете еден лимон, ставете го во 150 милилитри оцет и оставете ја смесата преку ноќ. Утрото додајте уште 150 милилитри вода. Ставете ја смесата во шише со распрскувач и вашето средство за чистење речиси сè е готово.
2. Исчистете ја даската за сечење
Земете половина лимон кој ќе го користите како сунѓер и сол со која ќе триете. После ова оставете ја даската околу 15 минути, па повторете ја процедурата уште еднаш.
3. Избелување
За вашата бела облека навистина да биде бела ставете ја во мешавина од лимонов сок и сода бикарбона. Оставете ја барем половина час пред перење.
4. Маникир
Направете освежувачка купка за вашите нокти. Додајте неколку капки лимон во топла вода, и тоа е сè.
5. Ослободете се од пегите
Лимонот може да ви помогне и да ги осветлите несаканите пеги или дамки. Земете парче лимон и поминете со него преку лицето.
6. Подобра дигестија
Пиењето чаша топла вода со лимон и мед наутро (на празен стомак) може значително да ја подобри вашата дигестија и да го зајакне имунитетот.
7. Правилно наместете ја масата
Кога на вашата маса ќе се најде храна која се јаде со раце, добро е да поставите и мали садови полни со вода и лимон за чистење на прстите.
8. Освежување на куќните апарати
Исчистете го фрижидерот со сунѓер натопен во лимонов сок и ослободете се од лошата миризба. Со лимон можете да направите и ваш освежувач за воздух. Додајте малку лимонов сок во машината за садови и пуштете ја кратко да работи. Или пак додајте сок од лимон во вашиот навлажнувач за воздух.
Продолжува на следната страница…