16 начини да почнете одново во новава година

16 начини да почнете одново во новава година

Ова е период кога размислуваме за промени, за нови почетоци и што понатаму. Новата година е шанса за почнување одново, а сите ние имаме прилика да го направиме тоа преку следните 16 работи.

(1)-16-nachini-da-pochnete-odnovo-vo-novata-godina-kafepauza.mk

1. Решавајте ги проблемите поинаку – прошетајте

Пред, после или за време на некој проблем, прошетката може многу да ви помогне. Оладете ја главата и ослободете го умот, па погледнете ги работите од свежа перспектива.

2. Справете се со анксиозноста поинаку – медитирајте

Сакале или не, стресот ќе си најде начин да влијае на вас. Но, медитацијата е совршено оружје за одбрана. Одберете да се чувствувате подобро, да спиете поубаво, да бидете посреќни.

3. Совладајте ги пороците – намалете сѐ што е премногу

Сѐ што е премногу не е на арно, па така и секоја работа која ја правите претерано многу, колку и да не ви изгледа штетна. Јадете помалку, пијте помалку, нервирајте се помалку.

4. Променете ја исхраната – додадете нешто

Некогаш, токму додавањето нешто плус во исхраната е тоа што ви треба за да се чувствувате удобно во своја кожа. Денес витамин повеќе, утре можеби некое колаче.

5. Размислете што сѐ сакате да направите – запишете го тоа

Листата на нешта кои сакате да ги направите е секогаш добра идеја. Уште подобра идеја е конечно да ги запишете некаде овие работи – чувството кога ги шкртнувате како што си ги остварувате е бесценето.

6. Расположете се – правете нешто што ве радува

Смеата го подобрува секој аспект од вашиот живот – физички и психички, смеењето прави и да изгледате и да се чувствувате поубаво. Впуштете се конечно во нешто што ве радува.

7. Обновете ги врските – договорете состанок со стар пријател

Се сеќавате ли на старите пријатели од средно училиште со кои поминавте толку убави моменти? А кога последен ги видовте? Не е тешко – земете го телефонот во рака и свртете го нивниот број. Луѓето со кои сме блиски се оние кои го исполнуваат нашиот живот.

8. Реорганизирајте го распоредот – направете простор за забавните работи

Кога се сака, сѐ се може. Па така, немојте да се предавате пред исполнетиот распоред со обврски и направете место за нешто во кое навистина уживате правејќи го. Подобро расположение, посконцентриран ум за извршување на обврските, повеќе слободно време.

(3)-16-nachini-da-pochnete-odnovo-vo-novata-godina-kafepauza.mk

9. Посветете ѝ се на среќата – пишувајте дневник

Нека ви влезе во навика да ги запишувате сите убави работи кои ви се случуваат, оние за кои сте благодарни и оние кои ќе ве мотивираат да одите понатаму кога ќе се чувствувате лошо.

10. Повратете ја креативноста – ослободете се

Иако можеби не ви делува така, креативното дете се крие некаде во вас, веројатно премногу добро. Но, не плашете се да му дадете шанса повторно да излезе на површина, бидејќи голема е веројатноста дека многу позитивно ќе ве изненади.

11. Станете попродуктивни – посветувајте се на една работа во моментот

Не постои такво нешто како мултитаскинг – со сигурност ќе потфрлите во една од многуте работи кои се обидувате одеднаш да ги завршите. Наместо тоа, одлучете да бидете продуктивни, бидејќи многу побрзо и подобро ќе ги завршувате работите кога ќе ги работите една по една.

12. Почнете да сонувате – оставете ги досадните работи на страна

Никогаш не е предоцна да почнете да сонувате. Можеби не ви се допаѓа тоа што го работите – што друго би работеле? Не ви се допаѓа местото каде што живеете – каде би сакале да отидете? Ви недостасува возбуда во досадното секојдневие – на која авантура ќе ѝ се препуштите?

13. Разбудете ја совеста – извинете се некому

Нова година, нов почеток и чиста совест. Постои ли нешто подобро од ова? Сигурно има нешто за коешто се каете, некому кому сте погрешиле, некого кого сте повредиле. А бидејќи не постои ништо подобро од искреното извини, направете го тоа.

14. Одберете нова авантура – отпатувајте некаде

Полнењето на батериите е неопходно, а патувањето е совршен начин да го направите тоа. Дури и кога станува збор само за желбата за нови места и авантури, не се воздржувајте да го направите тој чекор и да уплатите патување во најскоро можно време.

15. Полнете ги батериите – наспијте се

Можеби мора да станете рано, но тоа не значи дека не можете да легнувате еден час порано од вообичаено. Ценете се себеси, своето тело и енергија и дозволете си да одморите онолку колку што навистина ви е потребно.

16. Контролирајте ја зависноста од технологија – излегувајте повеќе

Еден час помалку на телефон значи еден час повеќе вистинско живеење. Наместо да пишувате пораки, излезете на кафе; наместо да скролате по Фејсбук, одете на забавата за која веќе се пријавивте да одите; наместо да сурфате на интернет, поспијте еден час повеќе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар