12 митови во кои е редно време да престанете да верувате за да се чувствувате слободни - Part 2

12 митови во кои е редно време да престанете да верувате за да се чувствувате слободни

7. Морате да велите „да“ на сè?

Уште од детството, воспитани сме да бидеме љубезни и да се согласуваме со разни работи, само за да ги задоволиме потребите на другите луѓе. Но, во денешното хаотично време, кога во поголемиот број од случаите времето е поскапо дури и од парите, учењето да викате „не“ е моќна вештина. Доколку се обидувате да задоволите премногу луѓе, премногу често, ќе забележите како ви се насобира многу стрес, којшто понекогаш го запира вашиот личен и професионален развој. Луѓето коишто се свесни за ова, знаат дека способноста да кажете „не“, не значи дека вие сте дрски и одбивате активности, само зошто така сакате. Напротив, тоа кажува за вас дека вие имате свое мислење, причина или план.

16 митови во кои е редно време да престанете да верувате за да се чувствувате слободни

Како што познатиот Стив Џобс има кажано: „Само со велењето не’, вие можете да се концентрирате на нештата коишто се навистина важни.“ Пред да прифатите некоја задача, состанок, посета на настан или активност, запрашајте се дали тоа ќе биде корисно за вас и ќе придонесе некако за работите коишто ви се од важност. Ако нема да придонесе, едноставно кажете го магичниот збор „не“ и уверете се колку е ослободувачки.

8. Треба да се согласувате со сè што ќе ви кажат повозрасните или авторитативните луѓе?

Уште откако бевме деца, домашните нè воспитуваа дека секогаш треба да ги слушаме постарите од нас, да слушаме кога нè прекоруваат професорите на училиште и никогаш да не се сомневаме во мислењето на авторитарните личности. Кога ќе станеме возрасни личности, тоа е одлука којашто треба да ја носиме самостојно. Секако, треба да имате почит кон советот којшто ви го дал некој што имал уникатно животно искуство или некој што има одлично познавање од некоја конкретна тема. Како и да е, не треба да ги земате ничии размислувања како универзални вистини. Наспроти тоа, Алберт Ајнштајн бил прочуен по занемарувањето авторитети, поради што честопати бил казнуван. Но, токму ова омаловажување на авторитетните личности, му помогнале да се посомнева во многу постоечки верувања, а потоа да дојде и до неверојатни откритија. Тој има изјавено: „Слепото верување на авторитетите е најголемиот непријател на вистината.“

9. Ги прифаќате ситуациите онакви какви што се?

Во некои ситуации, следењето на текот на работите, без да вложувате никаков напор за да ги промените, може да биде добра стратегија, но веројатно нема да ве одведе далеку. Успешните луѓе не се плашат да преземат поголема одговорност и да го сменат текот на настаните. Зигмунд Фројд рекол: „Повеќето луѓе не ја сакаат слободата, бидејќи слободата вклучува одговорност, а повеќето луѓе се преплашени од одговорност“. Доколку сакате да успеете, преземете ја контролата врз вашиот живот, а бидете спонтани и следете го текот на настаните само за време на забавите, прославите и празниците.

16 митови во кои е редно време да престанете да верувате за да се чувствувате слободни

10. Морате да бидете спонтани и забавни?

Луѓето се различни. Некои од нас се одлични во забавување и импровизирање, додека други се одлични во планирање, организирање и размислување. Една здрава група пријатели и колеги, би требало да биде сочинета од сите овие, како и многу други типови карактери. Се разбира, точно е дека смислата за хумор е значајна човекова особина, но понекогаш разбирањето на шегите е уште поважно од нивното кажување и подобро е да не велите ништо, отколку да се трудите да ги форсирате и да се правите интересни со сила. Кога поминувате време со вашите пријатели, едноставно релаксирајте се, набљудувајте ги луѓето околу вас и нивните реакции.

11. Морате да бидете трпеливи цело време?

Секако, трпението е посакувана карактеристика, којашто на многумина им недостасува. Како и да е, има една точка во којашто трпението преминува во покорност, одложување, па дури и мрзеливост. Ако чекате работите да се случат сами од себе, наместо да се трудите и да се борите за остварување на вашите цели, вие ја испуштате можноста за позитивна промена, а тоа не е слично со трпеливоста. Доколку сте во љубовна врска којашто не функционира и „трпеливо“ чекате нешто да се промени, вие се залажувате себеси и избегнувате да ја донесете вистинската одлука. Доколку сте заглавени на работно место коешто не ве исполнува и си ветувате себеси дека ќе преземете нешто во врска со тоа прашање наредната година, тоа не ве прави трпелива личност. Напротив, таквото однесување само значи дека одложувате значајни одлуки и се лишите себеси од среќа.

16 митови во кои е редно време да престанете да верувате за да се чувствувате слободни

12. Морате да бидете скромни?

Скромноста е уште една многу почитувана особина, којашто честопати погрешно ја интерпретираме. Ако постојано им кажувате на луѓето дека работата којашто ја работите е „ништо посебно“, тогаш тие веројатно ќе ви поверуваат. Но, како да ја пронајдете границата помеѓу тоа да не звучите како фалбаџии, а да не се потценувате себеси? Најпрвин, треба да се запрашате со кого разговарате. Така, на пример, веројатно не би било културно да се фалите за вашето унапредување на некој којшто тукушто ја изгубил работата. Од друга страна, ако некој ве прашува за вашите успеси, немојте да правите да звучат како ништо значајно, дури и ако се обидувате само да се пошегувате. Објаснете зошто е значајно тоа што го работите и секако немојте цела вечер да ја потрошите, зборувајќи за тоа.

16 митови во кои е редно време да престанете да верувате за да се чувствувате слободни

Заклучок: Искористете ја предноста на особините коишто веќе ги имате. Пред да почнете да се стремите да стекнете одредени особини, погледнете длабоко во самите себеси. Сигурно веќе поседувате одлични карактерни особини, коишто ве одвојуваат од луѓето околу вас. Затоа редно време е да престанете да мислите кои ТРЕБА да бидете и наместо тоа да се фокусирате на извлекување на најдоброто од она што веќе СТЕ. Најважно од сè, престанете да верувате во некои лажни општествени норми, коишто прават да се чувствувате како да не успевате да живеете според измислените стандарди за „правилно“ и „неправилно“.

Прочитајте ги и овие 6 митови во кои веќе е срамота да верувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар