12 митови во кои е редно време да престанете да верувате за да се чувствувате слободни
Кажувањето „да“ на сè што ќе се побара од вас, постојано да бидете во добро расположение, притисокот да им се допаѓате на сите и ред други начини на однесување ни се наметнати од општествените норми, за тоа што е „прифатливо“ или „препорачливо“, а што не е. И покрај тоа што е убаво да се стремиме да бидеме сè подобри личности, со успешна кариера, одлични комуникациски способности и да сме опкружени со пријатели, сепак не секогаш имаме доволно време и енергија, за да постигнеме баланс на сите полиња во животот.
Поради тоа, потребно е да научиме да правиме разлика помеѓу навистина важните човечки особини и лажните општествени стандарди кои ни се наметнати. Еве во кои митови треба да престанете да верувате еднаш засекогаш, за да можете да бидете вистински среќни и слободни.
1. Морате да бидете пријатели со сите?
Ова е многу чест и апсурден мит којшто предизвикува стрес кај многумина бидејќи се грижат дали и како да им се допаднат на сите луѓе околу нив. Доколку очекувате секој да ве почитува и сака, ризикувате да ја изгубите вашата уникатност. Да расчистиме – не, не мора да им се допаѓате на сите луѓе и не треба ни вас да ви се допаѓаат сите коишто ги сретнувате во текот на животот.
Сфатете дека тоа е лична преференција, исто како што одредена храна на некои луѓе им е вкусна, а на други незамислива за консумирање. Не постои ниту една храна на светот, што ја сакаат сите луѓе во светот, па затоа нареден пат кога ќе се критикувате себеси, запрашајте се: Дали би се грижеле што не е во ред со неверојатно вкусната торта, само затоа што некој ви рекол дека не сака торти и нема да ја јаде? Веројатно, не. Тогаш зошто би си го правеле тоа себеси? Голема е веројатноста дека не би ни сакале да им се допаѓате на одреден тип луѓе. На крајот на денот, најважното нешто е да се сакате самите себеси, па после сите преостанати луѓе.
2. Морате цврсто да се држите до вашите ставови?
Некои луѓе веруваат дека грчевитото држење до сопствените ставови и убедувања, предизвикува да изгледаат оригинално и самоуверено. Но, вистината е дека флексибилноста е многу поважна карактеристика којашто ќе ја почитуваат сите луѓе околу вас. Да бидеме реални – секој ги почитува луѓето со отворен ум повеќе од тврдоглавите. Талентираните зборувачи знаат во кој дел од разговорот е важно да ги променат своите размислувања и однесувања, а истовремено да му останат верни на нивниот сопствен карактер. Тие знаат како да одговорат соодветно на потребите на ситуацијата, без разлика дали тоа значи дека мораат малку да ги прекршат нивните принципи и да ги задржат мислите само за себе. Дури и да имате строги принципи, оставете простор за гледиштата на вашиот соговорник, коишто ќе ги зајакнат или растреперат вашите ставови.
3. Морате да работите напорно за да успеете?
Не, нема да одречеме дека трудот, упорноста и вложувањето во работата, се клучот за достигнување на височините во кариерата. Напротив, не е голема веројатноста дека успехот или популарноста ќе ви паднат од небо, во некој убав, сончев ден. Меѓутоа, постои еден вообичаен мит во којшто многу луѓе веруваат, а тоа е дека успешните луѓе работат многу напорно за да го постигнат. Вистината е дека успешните работат попаметно, а не понапорно, подолго и стресно.
Едно истражување покажало дека најпродуктивните луѓе имаат идеален баланс помеѓу работните часови и времето за одмор. Тие работат интензивно во времетраење од 52 минути, а потоа целосно се одмораат во времетраење од 17 минути. Воедно, истражувањето открило и дека врвно продуктивните 10% од испитаниците, не ни работеле по 8 часа дневно. Ако сметате дека за потребите на вашата работа едноставно морате да работите 8 часа дневно, а некојпат и прекувремено, важно е да запомните дека не треба да претерувате. Науката докажува дека прекувременото работење е непродуктивно, бидејќи луѓето не се способни да останат фокусирани во долги периоди, без одмор. Наместо тоа, треба да се одморате, да поминувате време со вашите пријатели и семејството и да се вратите на работа, со полни батерии и инспирација.
4. Морате да издвоите доволно време за сè?
Се смета дека, ако навистина сакате да направите нешто, секогаш ќе најдете време за да го реализирате така. Во пракса, тоа не е баш толку едноставно бидејќи наоѓањето време за нешто е поврзано со поставувањето приоритети. Тоа значи дека ако сакате да посветите време на едно нешто, треба да се збогувате со нешто што сте го правеле до тогаш, бидејќи во спротивно ќе морате да жонглирате неколку нешта и ниедна да не ја спроведувате целосно. Всушност, најчесто не е проблемот во немањето време, туку непосветувањето внимание на нешто. Ако сте презафатени за да прифатите нешто ново, не треба да кажете дека немате доволно време, туку немате доволно фокус за да се посветите. Воедно, треба да запомните дека не секој и сешто го заслужува вашето внимание. Пред да се согласите да започнете нов проект, ново хоби или пријателство, размислете дали се доволни вредни, за да го инвестирате вашето време во нив.
5. Секогаш треба да сте позитивни и добро расположени?
Вистина е дека позитивните мисли се моќна движечка сила, којашто може да има одлично влијание врз сите нешта во вашиот живот, па дури и на вашето здравје. Но, никој не може да биде искрено среќен и весел 365 дена во годината. Нормално е да имате денови кога едноставно ви е доста од сè, и сакате да се свиткате под ќебето и да бидете сосема сами, па ако е потребно и ќе плачете сè додека не заспиете. Ако сте имале навистина тежок ден, нема потреба да излегувате и да се преправате пред другите дека сте во топ форма, се разбира освен ако не сметате дека дружењето со луѓе, ќе ви го поткрене духот и расположението.
Секогаш кога е возможно обидете се да бидете насмеани и среќни пред другите луѓе, но нема потреба да се криете или преправате ако не се чувствувате добро. Поинакво е сценариото, доколку вашето лошо расположение трае со недели и месеци. Во тој случај треба да поразговарате со пријател или експерт, со кој ќе можете слободно да ги споделите вашите мисли и емоции.
6. Морате да сте екстроверти за да бидете успешни?
Живееме во динамично и конкурентно време, во коешто ни изгледа како комуникацијата да е клучот за успехот. Поради овој тренд, постои познат мит дека само екстровертите и смелите луѓе може да постигнат вистински успеси во животот, но тоа не е вистина. Интровертите се промислени, сакаат да ги наградуваат своите знаења и имаат одлични способности за набљудување. Нивното трпение, способноста за длабока концентрација и обрнувањето внимание на сите детали, им овозможува да постигнат повисоко ниво на продуктивност. Голем број успешни интроверти од различни професии го докажуваат ова, а меѓу нив се Алберт Ајнштајн, Бил Гејтс, Стивен Спилберг, Марк Закерберг и Хилари Клинтон.
Продолжува на следната страница…