15 моќни совети кои ќе го спречат отекувањето на очите
Се трудите да живеете здраво, да си обезбедувате доволно сон и да внимавате што и кога јадете, но тоа никако не ви го враќа сјајот во очите? Ве болат, изгледаат отечено, а црните кругови повторно не ве одминале? Доколку се пронаоѓате во горенаведениов опис, ве советуваме да продолжите да читате.
1. Медицински проблем
Отекувањето на очите може да биде симптом на различни алергии, па дури и на воспаление на црниот дроб. Ако вашите очи се постојано потечени, испитајте дали причината се наоѓа во тоа. Алергиите можат да бидат предизвикани од различни козметички производи, но и од преработена храна. Доколку овој симптом е пропратен со иритација на кожата, грозница и тешкотии при дишењето, веднаш посетете доктор.
2. ПМС
ПМС, најголемиот причинител на женските маки, дури и на темните тркалца околу очите. Но не очајувајте, и самите знаете дека очите ќе ви се смират за неколку дена. А дотогаш исфрлете ја солената храна и пијте многу зелен чај.
3. Наследност
Исто како и целулитот, хемороидите и сличните маки, можеби едноставно станува збор за генетика. Но, сепак, на вас останува да го спречите зголемувањето на овој проблем. Генетиката не може да биде изговор за сѐ. Истражувајте туторијали за да ги прекриете црните кругови, отфрлете ја храната која што не ви одговара и научете корисни козметички трикови за маскирање на потечените очи.
4. Проширување на крвните садови
Исто така голема причина за отекување на очите може да бидат и проширените крвни садови. Ако имате таков проблем тогаш ве советуваме да спиете на што е можно повеќе перници, а наутро да нанесувате ладни облоги кои ќе ви ги смират очите. Истото може да се постигне и со ладни метални лажици.
5. Затнат нос
Некои луѓе никогаш не си легнуваат без капки за нос, а сега сфаќаме зошто. Веројатно самите знаете кој трик е најефективен кога станува збор за овој проблем, па само продолжете да го спроведувате. Капките за нос во ваков случај ви се најдобриот пријател. Но, вие веќе го знаевте тоа, нели?
6. Здрава исхрана
Нема потреба претерано да нагласуваме колку е важна храната која ја јадете за вашиот изглед. Вие сте тоа што го јадете – ако јадете здрава храна, тогаш сте енергични и здрави. Ако ви значи вашата внатрешна и надворешна убавина мора да внимавате на исхраната. Мрсната, претерано зачинета и тешка храна исфрлете ја од листата на продукти. Од друга страна,зголемете го нивото на железо во организмот.
7. Добар сон
На секој човек му е потребно најмалку 8 часа спиење дневно. Ако сепак ви се појавуваат темните кругови, пробајте со најдоброто оружје против подочници – ладните краставици.
8. Хидратација
Пијте многу вода. Добро е да пиете барем осум чаши дневно. Тоа е најдобриот начин да ја стимулирате циркулацијата и воедно еден од најдобрите методи за спречување на потекувањето на очите.
9. Пушење и алкохол
И самите знаете дека се штетни по здравјето. Ако мислите дека можете да ги примените претходниве совети, тогаш можеби треба да размислите и да престанете да пушите и да намалите со пиењето алкохол. Постојат милион причини поради кои пушењето е штетно за убавината и здравјето, а овој е само еден од нив.
10. Крема за сонце
Звучи чудно, но кремите со заштитен фактор можат да бидат корисни во борбата против потекувањето на очите. Една од нивните главни улоги е да ја заштитат и зачуваат меката кожа околу очите како и спречување на нејзиното пребрзо стареење. А колку е кожата послаба, толку се поголеми шансите за појавување на подочници.
11. Премногу време пред компјутер
Тешко е да се убеди човек да се тргне од штетниот екран кога работата му зависи токму од него. Но, оттргнете се од него во вашето слободно време. Компјутерот заменете го со книга, а и игрите со готвење се забавна алтернатива. Веднаш ќе препознаете промена, но и луѓето околу вас.
12. Контра напад
Уште пред да легнете, освежете ги очите така што неколку минути ќе држите ладна газа на нив. А пред тоа, бидете сигурни дека добро сте ја отстраниле шминката.
13. Масажа
Масажата на лицето е многу делотворна. Следниот пат кога ќе одите на масер, замолете ги да го измасираат и вашето лице. Или пробајте самите. Благите, кружни движења околу очите и носот освен што го подобруваат вашиот изглед, носат и фантастична релаксација.
14. Козметички продукти базирани на масло
Дали знаевте дека овие производи можат да предизвикаат разни воспалувања и потекување на очите? Ако не знаевте, тогаш почнете да ги исфрлате вашите козметички продукти кои се врз база на масло. Време е да го испразните несесерот од маслени продукти и да ги заменете со такви што се базираат на вода.
15. Млеко и шеќер
Освен цигарите и алкохолот, мора да направите уште една жртва ако сакате да се ослободите од темните кругови. Најголемите непријатели на вашето тело и вашиот изглед се шеќерот и млекото. Најдобро ќе биде да го намалите нивниот внес или постепено да ги исфрлате од вашата исхрана.