15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентни
„Ако внимателно се погледнете самите, во себе ќе ги видите и сите останати.“
Емоционално интелигентните личности не дозволуваат чувствата да надвладеат со нив туку тие управуваат со сопствените емоции. Ова се 15 карактеристики на емоционално интелигентните луѓе кои ќе ви помогнат да откриете колкава е вашата емоционална интелигенција.
1. Внимателно го набљудуваат однесувањето на луѓето
Емоционално интелигентните луѓе се просто фасцинирани од туѓото однесување. Тие обрнуваат внимание на јазикот на телото, дијалектот, начинот на говор како и навиките и верувањата според кои другите функционираат во животот. Со други зборови тие ги набљудуваат луѓето откривајќи по што секоја индивидуа е препознатлива и што ја прави посебна.
2. Не даваат наредби туку поставуваат пример
Таквите личности не зборуваат напразно туку своите зборови умеат да ги поткрепат со дела. Нема да дозволат да ја следат колоната давајќи наредби туку ќе одат напред поставувајќи пример за другите.
3. Си ги знаат слабите како и силните страни
Емоционално интелигентните луѓе се свесни и за своите предности но и за своите недостатоци. Сепак со своето однесување ќе ги истакнат предностите и ќе ги маскираат мааните.
4. Се помириле со минатото
Знаат дека промените и успесите се случуваат во сегашноста и баш затоа живеат токму во неа, оставајќи го минатото зад себе. Она што поминало не може да се промени, но може да се влијае на она што допрва доаѓа.
5. Не се преоптоваруваат со иднината
Животот е авантура, а не строго подготвено сценарио. Оние со емоционална интелигенција знаат дека не треба да се преоптоваруваат со иднината, особено со оние работи кои се надвор од нивната контрола и не зависат од нив.
6. Активно се вклучени во својот живот
Тие не преживуваат и не чекаат подобри времиња, напротив тие живеат во сегашниот момент. Што е она што можете да го направите сега? Што можете да промените, како можете да се унапредите и да се издигнете на повисоко ниво? Денот секако дека ќе мине, но работата е да го обележите како ден во кој сте создале нешто.
7. Тие се искусни слушатели
Знаат да ве ислушаат и прават разлика меѓу слушање и вистинско разбирање на зборовите. Во нивно друштво луѓето чувствуваат дека е безбедно да зборуваат и дека не зборуваат напразно.
8. Свесни се од што резултираат нивните мисли и постапки
Емоционално интелигентните луѓе се како детективи кои умешно ја пребаруваат околината, бараат знаци и траги и знаат кој е коренот на нивниот проблем. Знаат зошто се вознемирени и зошто се чувствуваат така како што се чувствуваат, но најважно од сè знаат што да преземат за да ја подобрат ситуацијата.
9. Имаат одлични комуникациски способности
Тие без проблем разговараат со непознати и умешно дискутираат со оние кои се различни од нив. Не осудуваат предвреме и им даваат шанса на луѓето без разлика на нивниот пол, раса или политичка определеност.
10. Се водат според правилата на етиката
Имаат свои принципи и етички се однесуваат на работното место, во односи со други личности како и во љубовните врски. Секако ќе постојат личности кои нема да им се допаднат, но секогаш ќе бидат водени од нивниот морален компас.
11. Желни се да пружат помош
Умеат да сочувствуваат и да се стават во нечија позиција. Тие чувствуваат потреба да им помогнат на луѓето и да им излезат во пресрет онолку колку што можат.
12. Умеат да ги читаат луѓето
Свесни се дека секогаш има многу повеќе од самиот збор. Начинот на кој луѓето зборуваат, тонот, движењата, погледите и гестикулациите испраќаат безброј пораки. Емоционалната интелигенција подразбира декодирање на многу скриени знаци.
13. Цврсто се посветуваат на зацртаната цел
Не си изгубил сè додека не се откажеш. Тие се свесни дека ќе доживеат по некој пад или негативна критика, но секогаш решително ќе се исправат повторно тргајќи кон зацртаната цел.
14. Самите себе се мотивираат
Секогаш тргнуваат од себеси и нивните цели и интереси. Функционираат на принципот на себемотивација бидејќи знаат што им треба и што е најдобро за нив.
15. Умеат да речат „не“
Знаат дека во животот мора да поставиш граници и принципи и тогаш кога навистина не им оди во прилог способни се да одбијат понуда или барање.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
povekjeto od ovie primeri se karakteristicni za horoskopskiot znam lav 😀