15 знаци дека вашата врска сè уште може да се спаси
Доколку поминувате низ лош период, за кој не сте сигурни дали води кон крајот, тогаш погледнете ги следниве 15 знаци кои укажуваат дека сè уште има надеж да ја спасите вашата врска…
1. Кога ќе се потсетите дека постојат уште многу „риби во океанот“, вие инстинктивно си велите да замолчите. Едноставно не сакате да размислувате за другите одлични кандидати кои постојат, без разлика на тоа дали се подобри, бидејќи само сакате да се вратите на оние нешта како што порано биле со вашиот моментален партнер.
2. Кога го замислувате вашиот партнер или партнерка како се држи за рака со некој друг, ви се појавува лошо чувство во стомакот и се ежите. Но, не од љубомора и посесивност, туку едноставно ви пречи да изгубите некој кој е толку многу важен за вас.
3. Не ви звучи толку добро да бидете сингл. Дури и ако тоа значи дека конечно ќе имате секс со еден колега или колешка од работа кои долго време ве привлекувале.
4. Имате многу сомнежи и мисли за одмаздување, но откако ќе го составите хипотетичкиот план за „израмнување на сметките“ сфаќате дека всушност не сакате да го направите тоа. Одмаздата не ви предизвикува добри чувства доколку е наменета за личност која ви значи.
5. Не можете да замислите да живеете со никој друг освен со вашето сегашно момче или девојка. И покрај сè, вашата облека нема да изгледа добро доколку стои на закачалка покрај нечија друга облека. Смешна мисла, но сепак вам ви има логика.
6. Не можете да замислите да патувате со никој друг освен со него/неа. Имате толку многу добри спомени за време на летните и зимските одмори, што едноставно не можете ни да замислите дека со некој друг би го постигнале истото.
7. Во последно време можеби ви изгледа како само да се карате, но сепак нема друга личност со која повеќе би сакале да го губите вашето време. Вие и покрај сè сакате да гледате филмови покрај вашиот партнер или партнерка, дури и ако сте им сè уште лути од последните неколку караници.
8. Без разлика колку тешка расправија имате, вие сè уште ги задржувате лошите работи за себе. Вие знаете точно како да се воздржите за да не кажете нешто за кое потоа ќе жалите.
9. Вие го почитувате вашиот партнер како човек. Дури и ако мислите дека го/ја мразите во овој момент.
10. Сè уште физички ве привлекува. Едноставно не сакате да прифатите дека никогаш повеќе не би имале секс со него/неа. Дури и ако во моментов сте толку лути еден на друг што воопшто не ни помислувате на односи.
11. Одвреме-навреме без размислување наоѓате начин да го/ја насмеете. На овој начин се потсетувате дека внатрешните шеги се неверојатно отпорни.
12. Колку и да се ужасни нештата помеѓу вас, вие автоматски сте среќни секогаш кога вашиот партнер ќе добие добри вести. Не, вие сигурно не сте толку добра личност, туку едноставно сè уште наоѓате задоволство покрај вашиот партнер.
13. Не се чувствувате добро кога непознати личности ви се додворуваат. Токму затоа и воопшто не им давате до знаење дека можеби ќе бидете слободни сè до самиот крај на вашата врска.
14. Знаете дека е потребно многу време и труд за да се вратите на старото, но тоа не ве плаши. Вие сте подготвени да направите сè што е во ваша моќ за да ја спасите врската.
15. Никогаш не ги заборавате добрите моменти помеѓу вас. Кога размислувате за вашата љубовна врска, секогаш на површина излегуваат оние позитивни чувства кои го скокоткаат вашето срце, потсетувајќи ве дека сè уште ви значи оваа личност.