15 знаци дека имате напредна душа
Луѓето со напредна душа доживеале некакво просветлување и се запознале себеси на подлабоко ниво. Напредните души поседуваат карактеристики што ги издвојуваат од останатите и затоа многу е лесно да ги препознаете. Доколку сакате да дознаете дали имате напредна душа, обидете се да се пронајдете во следниве 15 знаци…
1. Љубите со сето ваше битие
Ѝ дозволувате на интуицијата да ве води. Многу често наоѓате љубов, дури и тогаш кога не барате. Оваа способност лесно можете да ја искористите во ваша полза.
2. Се поврзувате со животните
Ништо не ве исполнува толку колку свежиот воздух. Напредните души ги привлекуваат животните. Дали постојано сте опкружени со животни? Тоа е знак дека имате напредна душа!
3. Потребно ви е да бидете во природа што е можно почесто
Обожувате да поминувате време во природа. Таму се чувствувате како дома. Ништо не може да се спореди со чувството на свежа земја под стапалата.
4. Изгледате помлади одошто навистина сте
Луѓето секогаш ви велат дека сте младолики. Ова е така бидејќи вашата душа старее многу побрзо од вашето тело. Луѓето го сфаќаат тоа од начинот на кој се однесувате.
5. Не сте материјалисти
Материјалните работи се минливи, но луѓето се постојани. Ако ги послушате најдлабоките желби на вашето срце, ќе сфатите дека не го посакувате она што сте мислеле дека ви треба. На напредните души не им треба најновиот модел на ајфон или скапа облека.
6. Сакате да поминувате време сами
Обожувате да поминувате време сами. Ништо не ве опушта толку колку дружбата со себе по долгиот и напорен ден. Иако имате потреба да поминувате време и со други луѓе, не мора постојано да ви се случува тоа. Ја сакате тишината, а неа можете да ја добиете и кога се дружите со најблиските пријатели или семејството.
7. Верувате само во она што е, а не во она што било
Не се опседнувате со минатото. Вие живеете во сегашноста и верувате само во вистината.
8. Не се срамите од вашиот изглед
Сте се помириле со изгледот на вашето тело и задоволни сте од него. Немате ниту позитивно ниту негативно мислење. Се прифаќате такви какви што сте.
9. Верувате дека сите работи се поврзани
Сите работи се поврзани меѓу себе. Сите ние сме еден вид енергија. Работите што нѐ раздвојуваат истовремено и нѐ спојуваат заедно. Сите ние сме едно.
10. Искрени сте
Не лажете за глупости. Секогаш разговарате за ситуацијата и гледате да дојдете до решение што ќе им одговара на сите засегнати страни. Секогаш ги мислите работите што ги кажувате.
11. Имате продорен поглед
Продирате во душите на сите луѓе чии очи ќе се сретнат со вашите. Вашиот поглед, иако е по малку застрашувачки, ги охрабрува луѓето да ви се обратат за помош. Тоа е една од вашите најдобри особини.
12. Имате утешителен допир
Луѓето ви се обраќаат за да им дадете утеха. Многу сте нежни и топли. Вашиот допир е отворен и им помага на луѓето да почувствуваат како сите нивни грижи полека исчезнуваат.
13. Вашиот глас е пријатен и нежен
Вашиот глас има смирувачки ефект на луѓето. Тие многу често ви се обраќаат за совет и уживаат да ве слушаат кога зборувате. Дали некој некогаш ви кажал дека би можел со часови да ве слуша како зборувате?
14. Никогаш не сте гласни
Одбирате да имате тивок живот. Монасите честопати го прават ова за да ја одржат нивната духовна хармонија. Имате длабока аура. Но, не заборавајте дека тивките луѓе понекогаш делуваат застрашувачки.
15. Знаете каде одите во животот
Повеќето луѓе не знаат во која насока да тргнат и тоа ги фрустрира, но вам сѐ ви е јасно. Сакате да си исполните животот најмногу што можете. Иако најголемиот дел од вашите врсници сѐ уште не знаат каква ќе им биде иднината, вашата е веќе испланирана.
Во продолжение прочитајте како да знаете дали имате стара душа.