15 знаци дека го вртите околу малиот прст
Можеби на прв поглед ви звучи одлично да имате момче што ќе ви ја исполнува секоја ваша желба, но на долг рок тоа воопшто не е забавно. Факт е дека во секоја врска има нерамномерно распределување на моќта, па едната личност или повеќе ќе ја љуби другата, или ќе има поголема потреба од неа, дури и ако станува збор само за период. И покрај тоа што сите ние се стремиме кон баланс, сосема е невозможно да го постигнеме во сите сфери од врската – едноставно не постојат две идентични човечки суштества што толку совршено ќе ги синхронизираат своите потреби!
Но можеби тоа и не е лошо. Ако станува збор за мала нерамнотежа, што постојано се префрла од едниот партнер на другиот, кога подобро ќе размислите, така и се постигнува еден вид баланс. Проблемот настанува кога нерамнотежата е толку изразена на едната страна, што врската целосно ја губи својата смисла. Да, вам можеби во моментов ви изгледа кул тоа што го вртите околу малиот прст, а тој кутриот ве сака толку многу што дури и ви дозволува да газите по него за да останете на својот пат, но размислете – дали би сакале да останете со некој што не го почитувате доволно? Некој што можеби дури и не го сакате?
Ако се пронајдете во следниве 15 ситуации, тогаш време е да размислите за некаква промена во вашата врска…
1. Ако не доживеете оргазам, тој цела недела се лути на себе – Сексот игра огромна улога во една врска, но тоа не значи и дека вашиот партнер треба да ви биде сексуален роб.
2. Ќе ги поминете сите ресторани на социјалните мрежи, два пати, пред тој да почне да губи трпение што уште не сте донеле одлука – Ако не можете да одлучите каде да одите на вечера, оставете го партнерот да пресече. Зошто само вие бирате и воопшто не ги земате предвид неговите желби?
3. Ви одговара на пораките брзо, целосно, граматички точно и никогаш со само еден збор – Тој вложува многу труд дури и во само една обична порака, бидејќи смета дека вие го заслужувате само најдоброто.
4. Не излегол насамо со пријателите откако сте ја започнале врската – Како би можел тој да ги одржува своите пријателства, ако секоја слободна минута ја минувате заедно?
5. Тој ги знае сите Кардашијан жени, како и сè што се случува во нивниот живот – Кога последен пат сте му дозволиле да изгледа еден фудбалски натпревар на раат?
6. Има лузна на раката, каде што секогаш ја носи вашата тешка чанта – Да, кога одите во шопинг потребно ви е безбедно место за чантата додека пробувате најразлична облека, но вашиот партнер не треба да ви биде и закачалка што постојано ја носите со себе.
7. Тој толку често ви дарува цвеќиња без причина, што вашата соба се претворила во цвеќара – Кога вие последен пат сте го изненадиле со нешто, дури и тоа да било бесплатно?
8. Никогаш не заборавил годишнина, месечнина или кој било друг важен настан во вашата врска – Тој во секој момент знае точно колку денови, па дури и часови сте поминале заедно, започнувајќи од првото запознавање, првиот бакнеж, првиот однос…
9. Да, погледнува во згодни девојки што поминуваат крај него, но се срами од својата постапка – И кога да не сте во негова близина, тој се чувствува како да ви е неверен дури и ако случајно видел друга убава девојка.
10. Ја знаете лозинката на неговиот мобилен, но не и тој вашата – Немате што да криете, но сепак сакате да задржите мала приватност. Но ова не важи и за неговата приватност, вие едноставно сакате да сте присутни во секој момент од неговиот живот.
11. Вие имате многу машки пријатели, но тој ниту една пријателка – На некој начин повеќе сакате да го поседувате отколку безусловно да го љубите и да му верувате.
12. Заплакал кога сте направиле планови без него – Со вистински крокодилски солзи!
13. Вежба да го запишува своето име со вашето презиме – Не живееме веќе во 80-тите години, па зошто тој да не го земе вашето презиме наместо обратно? Ова е сосема во ред доколку и двајцата се согласите, но не и ако го наметнувате како услов за да останете заедно.
14. Смета дека умирањето од природни причини додека ја држи вашата рака е најдобриот начин за напуштање на овој свет – Тој дури ни смртта не може да си ја замисли без вас.
15. Никогаш не се расправа со вас, особено не во јавност – Најчесто само премолчува со цел да избегне дебата и постојано трпи без разлика што и да му зборувате, колку и да го навредувате.
Во колку од овие знаци се пронајдовте? Ако одговорот е „во повеќето од нив“, зарем не мислите дека оваа врска не е исполнета со љубов, почит и разбирање? Никој не е должен да ги исполнува сите ваши желби, особено не на штета на својата добросостојба. Ако го гледате вашиот партнер повеќе како роб отколку како еднаков, прашање е само на време кога сета негова насобрана лутина од премолчување ќе експлодира, па со тоа ќе ја уништи целата ваша врска, како и својата верба во женскиот род. Ако навистина го цените и го сакате крај себе, тогаш можеби е време да смените нешто во вашиот однос. Од друга страна пак, ако е тука само за да ви биде закачалка за чантата, можеби е подобро да раскинете. Размислете добро.