15 жени советуваат како да се справите со скршеното срце
Првото вистинско раскинување може да биде навистина лошо. Кој би знаел дека е можно да бидете олку тажни? Дали некогаш ќе ви биде подобро? Како ќе продолжите со вашиот живот без личноста што ве оставила?
За жал, не постои едноставен рецепт за справување со скршено срце, а сепак ова е нешто што постои многу долго. Вие не сте првата личност во таква ситуација, а нема да бидете ни последна. Многу жени биле оставени со скршено срце, го преживеале тоа, продолжиле понатаму и научиле многу од целиот процес. Па, многу од нив решиле да ја споделат својата мудрост на Редит. Прочитајте некои од најдобрите совети и подгответе се да се чувствувате подобро.
1. Времето лекува сè
„Време.“
2. Опкружете се со сакани
„Смеење со пријателите, прошетка во природа, напорно џогирање за да немам енергија за размислување навечер, пишување писма и себеанализирање, планирање на мојата иднина и правење листа со обврски, и се разбира, плачење и разговор со луѓе што ги сакам и им верувам. Ми кажуваат работи како: Можеш подобро, заслужуваш некој кој ќе те цени, беше предобра за него…“
3. Читајте „Хари Потер“
„Читањето на серијалот Хари Потер навистина ми помогна.“
4. Напишете писмо до бившиот и не праќајте го
„Напишете писма што никогаш нема да ги испратите, читајте книги за справување со тага, спијте за викендите, користете екстра меки ќебиња на креветот, биде тажни, бидете гневни, бидете повторно тажни и гневни, бидете сите овие нешта додека не изгубат смисла.“
5. Дајте си простор од бившиот
„Држете се настрана од бившиот дури и ако сакате некогаш да бидете пријатели.“
6. Испотете се
„Вежбајте, за мене тоа беше трчањето. Ми даде со што да го исполнам одеднаш празниот распоред и ми го оттргна вниманието од раскинувањето.“
7. Комбинација што ќе го излечи секое скршено срце
„Време, сет добри книги, омилените серии, група добри пријатели, рутина за вежбање и шише вино се работите што ми помогнаа. Ми требаше цел месец за да ја преболам и неколку години за целосно да ја заборавам личноста.“
8. Ослободете ги солзите
„Плачете колку што можете, јадете што сакате, гледајте ги сите лоши филмови и плачете на нив. Наскоро ќе се чувствувате подобро, верувајте ми.“
9. Најдете време за другите
„Помогнете му на некој друг.“
10. Фокусирајте се на добрите врски
„Како што ми кажа мојот психијатар додека бев со вцрвенети очи месеци по моето прво лошо раскинување: Не можам да ти дадам пилула за срцето. Она што ќе ти помогне се времето и добрите врски. Ми даде и антидепресиви бидејќи не можев да станам од кревет и почнав да се повредувам. Ми помагаа да го поминам денот. Поврзете се со пријателите, посветете се на работата, одете на состаноци, дозволете си да се распаднете, но секогаш враќајте се на нозе.“
11. Пренасочете го фокусот кон себе
„Фокусирајте се и размислувајте за нештата што ги сакате кај вас наместо кај бившиот.“
12. Најдете хоби
„Најдете ново хоби или запишете се на некој курс. Што било што ќе ви ги тргне мислите од бившиот.“
13. Понекогаш не е лошо да најдете и некој нов
„Велат за да преболите некој, заминете со друг. Искрено ова ми помогна бидејќи ме натера да сфатам дека има и други опции.“
14. Запомнете дека сè се случува со причина
„Разбирањето дека сè се случува со причина ќе ве направи подобри и посилни. Секоја лекција во животот е успех, а скршеното срце ви кажува што да барате во иднина. Некои велат дека нештата се влошуваат пред да станат подобри, а истото е и со скршеното срце. Светот не престанува да се врти, а некогаш тоа ќе биде одлична приказна. Созревате како личност и ќе знаете дека е така штом ќе го надминете ова.“
15. Изгледајте добра комедија
„Добра смешна серија. Ја изгледав целата „Паркови и рекреација“ (Parks & Recreation) за да го преболам првото раскинување. Дефинитивно помогна.“
Дознајте и кои се најпопуларните методи за преболување што ги користат младите.