15 застарени модни правила кои упорно продолжуваме да ги следиме - Part 2

15 застарени модни правила кои упорно продолжуваме да ги следиме

6. Чантата и чевлите треба да бидат со иста боја

15 застарени модни правила кои упорно продолжуваме да ги следиме

Ова е едно од најстарите модни правила. Но оваа комбинација всушност е непосакувана денес. Кога одбирате боја за чевлите и чантата доволно е нивните нијанси да бидат хармонични.

7. Маникирот и педикирот треба да бидат во иста боја

15 застарени модни правила кои упорно продолжуваме да ги следиме

Ноктите на рацете и нозете не мора секогаш да бидат со иста боја. Ова правило се појавило долго пред производителите на лак за нокти да почнат да создаваат повеќе бои. Ноктите со разни бои изгледаат подобро, дури и на истата дланка или стапало, само важно е да одговараат една со друга.

8. Изгледот е недовршен без правилната фризура

15 застарени модни правила кои упорно продолжуваме да ги следиме

Денешните трендови го оправдуваат „недовршениот“ изглед. Доволно е само да ја измиете косата или да ја соберете ако е премногу неуредна. Денес не постојат правила кои ви кажуваат како треба да изгледа вашата коса.

9. Шминката е задолжителна

15 застарени модни правила кои упорно продолжуваме да ги следиме

Правилата за шминката се слични со оние за косата. Тенките усни и долгиот нос повеќе не се карактеристики што сакате да ги прекриете. Недостатоците на кожата треба да се третираат наместо да се прекријат со пудра. На крај, вистинска привилегија е да можете да излезете од дома без шминка ако имате чисто лице. Можете да нанесете само маскара без кармин, и обратно. Можете да експериментирате и со „невидлива“ шминка. Можете да правите што сакате.

10. Не смеете да купувате облека со боја што не ви одговара

15 застарени модни правила кои упорно продолжуваме да ги следиме

Ако некои нијанси не одговараат на вашиот стил или боја на кожа, едноставно тргнете ги подалеку од лицето. Чантите, чевлите, панталоните и здолништата секогаш ќе изгледаат добро ако ги искомбинирате правилно, без разлика на нивната боја.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар