15 видови храна што можете да ги користите како природни продукти за убавина
Навистина е изненадувачко тоа што не сме сфатиле дека хранливите материи во храната не се добри само за јадење, туку дека можат да бидат добри и за надворешниот дел од телото. Покрај тоа, навистина се поевтини отколку козметичките продукти од познатите брендови, немаат никакви презервативи и се 100% природни. Погледнете кои видови храна можете да ги употребувате и како козметички продукти.
1. Папаја
Папајата е полна со витамини и минерали кои се борат против акните, како витамини А и Ц, бета хидроксилна киселина, папаин и калиум. Папајата може да ја ексфолира вашата кожа, да ја осветли и да направи да блеска.
Начин на подготовка:
- Испасирајте 3-5 лажици папаја
- Додајте 1 лажица мед
- Нанесете ја маската на лицето и оставете ја 10-15 минути
- Исплакнете со топла вода
2. Јаболка
Јаболката се полни со витамини Ц и А и бакар, а тие се одлични за поправање, заштита и потхранување на кожата. Маската од јаболка е одлична за мрсна кожа.
Начин на подготовка:
- Измешајте 2 рендани или исечкани јаболка, 1 лажичка урда и 1 лажичка лимонов сок
- Направете паста, нанесете ја на лицето и оставете да делува 15 минути
- Исплакнете со топла вода
3. Јагода
Јагодите се одлични за мрсна кожа и кожа склона кон акни. Витамините и антиоксидансите ќе го направат вашето лице неверојатно.
Начин на подготовка:
- Испасирајте 3 јагоди
- Додајте 1 лажица мед
- Нанесете на чисто лице и оставете да делува 15 минути
- Исплакнете со топла вода
4. Авокадо
Авокадото е богато со антиоксиданси, а ова го прави одличен продукт за борбата против стареењето. Бидејќи има омега 3 и омега 6 масни киселини, како и витамини Е, Ц и К, оваа маска е одлична за хидратација.
Начин на подготовка:
- Излупете половина зрело авокадо
- Испасирајте го во сад
- Додајте 1 лажичка лимонов сок
- Нанесете на кожата и оставете да делува 15 минути
- Исплакнете
5. Кокосово масло
Кокосовото масло има антигабични и антибактериски својства, па е одлично доколку имате акни. Можете да го користите како крема за хидратација, или можете да го користите за чистење и отстранување шминка – за разлика од минералните масла не ги затнува порите.
Кокосовото масло е ефективно и за избелување на забите. Не ги избелува, туку ги отстранува слоевите и нечистотиите што им даваат жолта боја.
Продолжува на следната страница…