15-те најдобри овошки за слабеење
8. Авокадо
Без разлика кое е вашето мислење, според биологијата авокадото е овошје. Тоа има многу здрави масти кои се добри за вашето срце и помагаат во согорување на масните наслаги. Покрај здравите масти, авокадото содржи влакна, витамини Б1, Б2, Б3, Ц, Е и К, калиум, протеини, железо, магнезиум и цинк.
9. Јагоди
Бидејќи речиси и да немаат јаглехидрати и калории, јагодите се одлични за слабеење и нема да го покачат нивото на шеќер во крвта. Богати се со антиоксиданси, влакна, витамин Ц, калиум и флавоноиди. Јагодите се одлични за многу кардиоваскуларни болести, го намалуваат холестеролот и помагаат во третманот на акни и хиперпигментација.
10. Вишни
Вишните се одлични како за слабеење така и за вашето срце. Имаат многу калиум, влакна, флавоноиди, антиоксиданси и витамини А и Ц. Вишните ги согоруваат масните наслаги на стомакот, го регулираат метаболизмот а во една порција има само 77 калории.
11. Портокал
Портокалот е одличен извор на влакна, бакар, калиум, калциум и витамини А, Б и Ц. Како едни од најздравите овошки, портокалите се навистина лесни за консумирање. Кога станува збор за слабеење, ова овошје помага во создавање послаба фигура и го подобрува здравјето на црниот дроб.
12. Боровинки
Боровинките се одлични за слабеење, но и за целокупното здравје бидејќи содржат материи како влакна, антиоксиданси и витамини Ц и К. Тие го нормализираат нивото на шеќер во крвта и ги намалуваат триглицеридите и лошиот холестерол.
13. Папаја
Папајата ги согорува масните наслаги, но помага и во проблеми со кожата, срцето и дигестијата. Се верува дека го намалува и ризикот од рак. Ова овошје е богато со антиоксиданси, влакна, калиум и витамини А, Б9 и Ц.
14. Гуава
Иако ретко ќе ја најдете во маркетите, гуавата е добра не само за слабеење, туку за целокупното здравје. Таа го подобрува имунитетот и здравјето на срцето, го намалува ризикот од дијабетес и рак, го намалува стресот и ја подобрува текстурата на кожата. Ова овошје е богато со антиоксиданси, витамини А, Ц, и Б комплекс, железо и калциум. Ова овошје е одлично и за бремените жени бидејќи се бори против инфекции и микроорганизми, а помага и при утринското гадење.
15. Јаболко
Јаболката се одлични за слабеење бидејќи се богати со влакна, имаат малку калории и во главно се од вода. Покрај тоа постојат многу начини на кои можете да ги консумирате. Исто така го намалуваат ризикот од болести на срцето, дијабетес и рак.
За уште полесно и поефикасно слабеење, пробајте ги и овие 10 совети.