15-те најдобри овошки за слабеење
Кога станува збор за слабеење, не постои само еден трик кој ќе ви помогне да го добиете телото од соништата. Едно од најважните нешта е начинот на исхрана. Консумирањето овошје е најздравиот начин за брзо слабеење, а овие овошки се најдобри за тоа.
1. Ананас
Ананасот е богат со тијамин, магнезиум, витамини Б6 и Ц, бакар и железо. Покрај слабеењето, ова овошје може да ја подобри состојбата на кожата и косата, да го зголеми нивото на енергија, да го регулира крвниот притисок и да го намали ризикот од одредени видови рак. Исто така ананасот е добар за плодноста, помага во дигестијата и ги лекува воспаленијата.
2. Банана
Бананата е одличен извор на калиум, витамин Б6, магнезиум, витамин Ц и протеини. Со сите овие хранливи материи, бананите се одлични за целокупното здравје, како и за грчеви во мускулите и главоболки. Поради хранливите влакна и нискиот број калории ова овошје е одлично за слабеење.
3. Лубеница
Можеби мислите дека лубеницата содржи премногу шеќер за да биде здрава, но таа е одлична за вас поради високиот процент на вода. Лубеницата содржи и многу аминокиселини, антиоксиданси, ликопен, калиум и витамини А, Б6 и Ц. Покрај слабеењето лубеницата ќе ве хидрира, ќе го подобри здравјето на срцето и ќе ги намали воспаленијата.
4. Грејпфрут
Ова овошје го покачува добриот холестерол и го намалува апетитот. Грејпфрутот содржи многу витамин Ц, ликопен, калиум и влакна.
5. Круша
Крушите се навистина потценети кога станува збор за слабеење. Богати се со протеини, влакна, калиум, витамини Ц и К, а содржат и железо, калциум, магнезиум, бакар и антиоксиданси. Крушите се борат против слободните радикали, ја подобруваат дигестијата и го намалуваат ризикот од дијабетес. Тие се речиси 84% вода, па му помагаат на телото да се ослободи од токсините.
6. Лимон
Сигурно веќе знаете дека лимонот е пријател на вашата линија. Тој нуди многу витамин Ц и помало количество на тијамин, калциум, магнезиум и бакар. Покрај тоа што го алкализира телото и ја подобрува дигестијата, лимонот го одржува здравјето на коските, ја подобрува апсорпцијата на железо, па дури и ги раствора камењата во бубрезите.
7. Калинка
Калинките се помеѓу најдоброто овошје за борбата против килограмите. Богати се со антиоксиданси, влакна, протеини, калиум, витамини Ц, Б6 и К, како и фосфор. Калинките помагаат при висок крвен притисок, воспаленија, холестерол и некои видови рак.
Продолжува на следната страница…