15 секојдневни работи кои може да се направат многу полесно отколку што мислиме - Part 2

15 секојдневни работи кои може да се направат многу полесно отколку што мислиме

8. Отворање тегли

Секој од нас има пробано да отвори затегната тегла со помош на крпа. Но, ако овој стар трик не успее, ние имаме друга алтернатива. Обидете се да користите гумен ластик исто како на фотографијата. Резултатот може да ве изненади.

9-15-ednostavni-raboti-koi-mozhe-da-se-napravat-mnogu-polesno-otkolku-shto-mislime-www.kafepauza.mk_

9. Мерење разни продукти со помош на лажица

За да добиете прецизни мерки на некој производ, користете парче селотејп залепено на врвот од кутијата.

10-15-ednostavni-raboti-koi-mozhe-da-se-napravat-mnogu-polesno-otkolku-shto-mislime-www.kafepauza.mk_

10. Фиксирајте ја даската за сечење на едно место

За да се осигурате дека даксата за сечење нема да „мигрира“ по целата маса додека ја користите, едноставно ставете влажна хартиена крпа под неа.

11-15-ednostavni-raboti-koi-mozhe-da-se-napravat-mnogu-polesno-otkolku-shto-mislime-www.kafepauza.mk_

11. Продолжете го животот на восочните свеќи

Овој трик е генијален. Ставете ја вашата восочна свеќа во фрижидер во текот на целиот ден пред да ја запалите. Свеќата ќе гори многу побавно, и ќе трае дупло подолго.

12-15-ednostavni-raboti-koi-mozhe-da-se-napravat-mnogu-polesno-otkolku-shto-mislime-www.kafepauza.mk_

12. Користете шпагети наместо кибрит

Можеби звучи чудно, но ова навистина успева. Кога ќе немате кибрит при рака, може да го замени стапче сирова шпагета. Ќе може да запали најмалку две свеќи.

13-15-ednostavni-raboti-koi-mozhe-da-se-napravat-mnogu-polesno-otkolku-shto-mislime-www.kafepauza.mk_

13. Зацврстете ги кесите за ѓубре

Сите ние знаеме дека пластичните кеси за отпадоци знаат да се лизнат и тоа да предизвика иритација кај нас. Но, сепак постои едноставно решение за ова: закачете ја кесата на страните од кантата со помош на закачалки за алишта.

14-15-ednostavni-raboti-koi-mozhe-da-se-napravat-mnogu-polesno-otkolku-shto-mislime-www.kafepauza.mk_

14. Исчистете ги стаклените шишињата

Не е секогаш лесно да пронајдете соодветна четка за чистење на стаклените шишиња, но постои еден трик кој може да ви помогне. Ставете неколку искршени лушпи од јајце во шишето, затворете го и добро протресете го. Лушпата од јајцето ќе ги исчисти сите нечистотии од внатрешните страни на шишето, а потоа само е потребно да го исплакнете.

15-15-ednostavni-raboti-koi-mozhe-da-se-napravat-mnogu-polesno-otkolku-shto-mislime-www.kafepauza.mk_

15. Декорирање на торти

Едноставен и брз начин за декорирање на тортите и колачите е да напрскате шеќер во прав низ парче чипка.

16-15-ednostavni-raboti-koi-mozhe-da-se-napravat-mnogu-polesno-otkolku-shto-mislime-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар