15 реченици кои треба да ги си кажуваме секој ден

15 реченици кои треба да ги си кажуваме секој ден

Во животот секојдневно се среќаваме со ситуации кои ја тестираат нашата волја, трпение и нерви. Во тие кризни моменти не смееме да „потонеме“ во негативни мисли, туку треба самите себеси да се охрабриме. Тоа може да го направиме со помош на следните 15 реченици кои во нас ќе го вратат позитивното, одлучноста и кои треба да ги изговориме секогаш кога ќе наидеме на некаква животна пречка.

15 реченици кои треба да ги си кажуваме секој ден

1. Не можам да контролирам сѐ што се случува во мојот живот. Можам да го контролирам само начинот на кој реагирам на тоа што се случува. Мојата моќ лежи во мојата реакција.

2. Подобро е да направам грешка отколку да глумам совршенство.

3. Ќе прифатам сѐ што ќе ми застане на патот, важно е тоа да го дочекам подготвен/а и да дадам сѐ себе.

4. За мене не постојат пречки, туку предизвици.

5. Колку порано ќе станам после „падот“, толку побрзо ќе стигнам до својата цел.

6. Голема е разликата помеѓу празниот умор и исцрпноста која исполнува. Затоа во животот ќе се занимавам со работи кои ме мотивираат и однатре и однадвор.

7. Ако немам време за она што е важно, ќе престанам да правам работи кои не се толку важни.

8. Нема да се кријам од своите стравови, ќе ги прифатам и ќе ги победам.

9. Не можам да изградам добра репутација и да оставам зад себе нешто позитивно врз основа на она што можеби ќе го направам еден ден. „Можеби“ мора да го претворам во „сега и веднаш“.

10. Ќе бидам вистински среќен/среќна кога среќата ќе доаѓа од мене, а не однадвор.

11. Ќе се фокусирам на тоа да станам подобра личност, а не да размислувам за тоа колку сум добра.

12. Не забележувам дека тревата е позелена на другата страна бидејќи сум презафатена со работата во своето двориште.

13. Следниот чекот кон вистинскиот правец не мора да биде голем, туку одлучен.

14. Ќе го славам секој дел од својот пат бидејќи темелно одработените мали работи на крајот резултираат со големи победи.

15. Ако изгубам, тоа не значи дека сум лош/а во таа работа. Секоја игра има нова партија од која можам да излезам како победник.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар