15 работи за кои зрелите жени воопшто не се грижат
Сите ние достигнуваме одредена возраст кога е време да се ослободиме од некој товар. Кога ќе дојде тоа време, треба да се збогуваме со работите што ни пречеле во минатото. Пријателки кои постојано озборуваат? Срамно однесување? Овие работи се под ваше ниво. Кога ќе престанете да трошите енергија на овие грижи, животот ќе ви стане многу поубав. Без разлика дали сте се ослободиле од овој товар или сѐ уште работите на тоа, време е да им ставите крај на незрелите глупости што ви го загорчуваат животот. Ова се 15-те работи за кои зрелите жени воопшто не се нервираат…
1. Не се грижат за тоа како изгледаат во салата за вежбање
Дали сте дел од оние жени кои секогаш одат во теретана со совршена шминка и модерна спортска облека? Не грижете се! Кога ќе наполните 30 години и вие ќе научите како да уживате во вежбањето облечени во удобни и износени тренерки.
2. Не учествуваат во драми
Кога ќе станете возрасни, ќе сфатите дека нема потреба да учествувате во секој конфликт што ќе ви наиде на патот. Колку повеќе созревате толку повеќе ќе сфаќате дека секогаш ќе постојат луѓе кои ќе ве мразат, но и дека нема потреба да им дозволите да ве вовлечат во нивната драма.
3. Не се трудат да се вклопат
Иако повеќето деца мислат дека вклопувањето во групата е една од најважните работи во животот, возрасните луѓе го мислат токму спротивното. Со текот на времето ќе сфатите дека не треба да ги формирате вашите мислења и вкусови во зависност од другите луѓе.
4. Не се грижат за социјалните мрежи
Можеби не сте свесни, но навистина постои живот надвор од социјалните мрежи. Иако бројот на следбеници и лајкови на вашето 5-то селфи во еден ден можеби ви се чинело како голема работа кога сте биле помлади, тоа задоволство почнува да избледува како што се приближувате до средовечните години. Тогаш ќе почнете да сфаќате дека тесниот круг на пријатели и семејство што ве сака е многу поважно од бројот на лажните пријатели што ги имате на социјалните мрежи.
5. Не се обидуваат да се согласат со секого
Ќе го славите денот кога ќе сфатите дека не мора да се согласувате со сѐ што ќе биде побарано од вас. Животните околности се менуваат и нема да имате време за да им угодите на сите и истовремено да се грижите за себе, па зошто да се мачите и да се обидувате?
6. Не се грижат за нивниот поранешен партнер
Иако постојано сте мислеле што прави вашиот поранешен партнер кога сте биле во раните 20-ти, тоа нема да ви биде толку важно подоцна во животот. Сите тие болки предизвикани од скршеното срце сте ги претвориле во нешто многу позначајно: Доказ дека животот продолжува понатаму и дека раскинувањето не е крај на светот.
7. Не се обидуваат да прават планови
Во раните 20-ти сите се обидуваат да најдат работа, партнер, да основаат семејство и да се пронајдат себеси, па затоа тие години обично ни се како во магла. Како што ќе созревате, ќе видите дека нештата почнуваат да се смируваат и нема да ви биде толку тешко да најдете време за не правење ништо и зјапање во празно.
8. Не се грижат за туѓото мислење
Дали отсекогаш сте сакале да се занимавате со некое необично хоби, но не сте осудиле од страв да не бидете исмеани? Како што минуваат годините, ќе сфатите дека етикетите од типот „чудно“, „смешно“, „старомодно“ не се воопшто важни. Сакате да почнете со плетење или со некој необичен африкански танц? Само напред!
9. Не им се важни најпознатите клубови
Во раните 20-ти години сите сакаат да излегуваат во најпознатите клубови во градот, но овој интересен феномен почнува да избледува како што стареете. Кога ќе станете позрели, темните и гласни места повеќе нема да ве привлекуваат и ќе ви бидат здодевни. Секогаш ќе претпочитате разговор и вино со пријатели наместо излегување по дискотеки.
10. Не се грижат за пропаднатите врски
Иако пропаднатите врски ги доживуваме како личен неуспех кога сме помлади, созревањето ни помага да сфатиме дека понекогаш ќе наидеме на момци кои едноставно не се за нас. Подобро е да се разделите отколку да се преправате во нешто што не сте само поради некој дечко.
11. Не се грижат дали ќе повредат некого со нивните зборови
Девојките во раните 20-ти години најчесто се обидуваат да ги одбегнат конфликтите и да останат во добри односи со сите луѓе околу нив. Но, порано или подоцна ќе сфатите дека одбегнувањето на караниците нема да ви пружи среќен живот.
12. Не се грижат за нивната популарност
Помладите девојки уживаат кога се во друштво на позната личност, но тоа нема да ви значи ништо подоцна во животот. Иако популарноста во средно училиште ви се чинело како голема работа, не се надевајте дека ова „достигнување“ ќе ви направи многу услуги по матурирањето.
13. Не се нервираат поради здодевните навики на нивните родители
Кога сте биле помлади сте се нервирале поради тоа што вашите родители ви се јавувале по 100 пати дневно и ви досадувале со едните исти работи. Но, кога ќе станете повозрасни ќе почнете да сфаќате зошто го правеле тоа и ќе ги сметате за ваши пријатели, а не за авторитетни фигури со кои сте морале да се борите за вашата независност.
14. Не се обидуваат да ги исполнат општествените очекувања
За време на созревањето, луѓето многу лесно стануваат жртва на верувањето дека мора да имаат постигнато одреден успех до одредена возраст, кога станува збор за работи како што се семејството и кариерата. Меѓутоа, кога ќе созреете ќе сфатите дека сите се движиме во свое темпо и дека не треба да се ставаме во ситуации што нема да нѐ направат среќни, само затоа што се обидуваме да исполниме нечии очекувања.
15. Не се грижат за работите што не можат да ги контролираат
Верувале или не, постојат работи што не можеме да ги контролираме. Меѓутоа, кога ќе созреете, ќе сфатите дека нема потреба да се нервирате поради тоа. Иако нема да можете да контролирате сѐ што ви се случува, никој не може да ви ја одземе способноста да одберете како ќе реагирате на работите што ви се случуваат, а на крајот на краиштата токму тоа ќе го формира личниот идентитет што самите сте го избрале за себе.
Прочитајте ги и овие 10 нешта за кои силните жени никогаш не се извинуваат.