15 работи за кои мислите дека некому сте му должни, но не е така

15 работи за кои мислите дека некому сте му должни, но не е така

Често чувствуваме потреба да се објаснуваме себеси и често другите излегуваат со барање да дадеме отчет за нашите постапки и избори. Иако понекогаш мислиме дека треба да се објасниме себеси за другите да нè сфатат, прифатат и сакаат, не значи дека навистина има потреба од тоа. Ова се 15-те нешта за кои мислите дека некому му должите објаснување, но не е така. Колку повеќе време трошите објаснувајќи се себеси на луѓето кои секако не ве слушаат вистински, толку помалку време ви останува да го живеете животот како што сакате.

15 работи за кои мислите дека некому сте му должни, но не е така

1. Објаснување за тоа каде живеете

Без разлика дали сте завршиле факултет, а сè уште живеете со родителите, живеете со момчето/девојката или според нечие мислење прерано сте се иселиле од дома, луѓето ќе најдат причина да озборуваат и да ги критикуваат вашите одлуки. Немате апсолутно никаква обврска да објаснувате каде живеете, кому му плаќате кирија и зошто сте се одлучиле на такво нешто.

2. Објаснување за вашите приоритети

Вие имате свои цели, соништа, идеи, интереси и желби. Вие знаете што е најдобро за вас и што ве прави среќни. Не треба да живеете за да му угодите некому бидејќи факт е дека колку и да се трудите никогаш нема да го постигнете тоа.

3. Не сте должни да се извините доколку не ви е жал

Ако не се каете за вашите постапки и ако мислите дека сте постапиле правилно, без разлика што другите мислат вие никому не му должите извинување.

4. Објаснување за вашата потреба да бидете сами

Тоа што ви треба време да се одморите и да ги разбистрите мислите е сосема нормално. Другите вашата потреба да се повлечете и да бидете сами може да ја протолкуваат како недружељубивост, асоцијалност, дури и дрскост. Но, секому му е потребно малку време самиот со себе.

5. Не сте должни да се согласите со нечии ставови

Наместо да кимате со главата и да слушате нечии мислења, ставови и теории кои ве „вадат од кожа“, имате право културно да не се согласите. Секој има право на свое мислење. Без разлика за кого станува збор, никој не смее да ви ги наметнува своите мислења.

6. Не сте должни секогаш да одговарате со „да“

За некого најтешката работа на светот е да одбие нечие барање. Токму неспособноста да речете „не“, за жал, ќе им дозволи на многумина да ве искористат. Не сте должни да му угодувате некому со цел да ве сака и почитува. Доколку навистина немате време или пак доколку знаете дека таа личност е користољубива и никогаш не би го направила истото за вас, имате целосно право, ако не и обврска, да речете „не“.

7. За вашиот изглед

На другите не треба да им е грижа дали сте ниски, високи, слаби или дебели, ниту пак треба да им е грижа како се облекувате. Факт е дека никој не е совршен и дека кога секој од нас повеќе би се гледал себеси наместо другите, светот би бил многу поубаво место.

15 работи за кои мислите дека некому сте му должни, но не е така

8. За храната која ја консумирате

Одредена храна не консумирате поради проблеми со здравјето или поради тоа што едноставно не ви се допаѓа. Не сте должни да објаснувате што јадете, што не и зошто е така.

9. За вашиот љубовен живот

Дали имате љубовен партнер или не, колку партнери сте смениле и какви одлуки во љубовта сте донеле е ваша работа и тоа многу интимна. Вашата сосетка се интересира за вашиот љубовен живот за да си пополни време, не затоа што ѝ е грижа за вас, така што не се оптоварувајте со потребата да се објаснувате себеси.

10. Објаснување за изборот на вашата кариера

Изборот на кариерата е можеби една од најтешките одлуки во животот. Некогаш кариерата ќе ве условува да немате многу време за себе и за свој личен живот. Зошто сте одбрале одредена кариера, а не друга е ваша работа и сè додека го следите срцето и знаете дека сте одлични во она што го работите, вие сте на правиот пат.

11. За вашата религиска или политичка определба

Никому не му должите објаснување за тоа какви сте или во што верувате. Тоа е ваша определба, а не нивен проблем.

12. За тоа што сте сингл

Ваш е изборот дали ќе бидете сингл или во врска. Најлошото нешто што може да го направите е да останете во врска само за да не бидете сингл и да не ве озборуваат луѓето. Важно е како се чувствувате и што ви треба во моментот, а не што другите мислат за вашиот љубовен статус.

13. Не сте должни да прифатите понуда за состанок доколку не ви се допаѓа личноста

Без разлика колку некој е упорен, доколку не ви се допаѓа не сте должни да излезете на состанок само бидејќи ве поканил.

14. За вашите гледишта за бракот

Дали сакате да се омажите/ожените или не, дали ќе го направите тоа во вашите 20-ти или 30-ти е ваш избор. Бидејќи никакви правила во врска со бракот и со имањето деца не се пропишани со закон, слободни сте да се држите до своето мислење.

15. За луѓето кои ги одбирате како ваши најблиски

Сите ние во текот на животот одбираме луѓе кои ќе влезат во кругот на нашите најблиски. Неретко кругот на нашите блиски се менува. Некој можеби ќе има негативно мислење за вашите врски со одредени личности, но тоа не значи дека треба да ги прилагодите вашите избори со нечии интереси и мислења.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар