15 работи кои треба да ги знаете ако сте во врска со личност која тешко ги изразува своите чувства

15 работи кои треба да ги знаете ако сте во врска со личност која тешко ги изразува своите чувства

Постојат два типа луѓе во врска: пречувствителни и помалку чувствителни. Едните во сѐ ги вмешуваат емоциите и повеќе одoшто треба, додека другите имаат проблем кога станува збор за изразување на чувствата бидејќи често не знаат како. Која било комбинација на овие два типа луѓе, кога станува збор за љубовна врска, е доста бурна и предизвикувачка. Често, поради ваквиот конфликт на емоционална тежина, партнерите наидуваат на проблеми како меѓусебно неразбирање што само уште повеќе ја комплицира и така сложената ситуација. Па доколку сте во врска со личност која потешко ги изразува своите чувства, еве што таа/тој сака вие да знаете.

(1)-15-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-ste-vo-vrska-so-lichnost-koja-teshko-gi-izrazuva-svoite-chuvstva-kafepauza.mk

1. Не се добри во изразување на своите чувства

Во поголем дел од случаите, тие едноставно не знаат како. Целата ситуација знае да биде доста збунувачка за нив, па кога тоа ќе се додаде на веќе постоечката тешкотија во изразување на чувствата и мислите, станува скоро невозможно да се искажат. Но тоа не значи дека не ве сакаат.

2. Вашите родители мислат дека сте во врска со мраз ладна личност

Неизразувањето чувства прави да делуваат како многу ладни личности без емоции и мислење. И додека вие можеби сте навикнале на тоа, вашите родители не го/ја познаваат доволно добро за да ја земат нивната состојба предвид. Така, тој/таа може да остави лош впечаток на нив бидејќи тие свесно или не го/ја споредуваат со вас и вашата пречувствителност.

3. Не се повеќе заинтересирани за сите останати

Иако кога сте во друштво, на моменти делува како тој/таа да е повеќе заинтересиран/а за пријателите отколку за вас, тоа не е така. Едноставно, сака подеднакво да им посвети внимание и на нив и на вас. Тоа за вас делува како незаинтересираност бидејќи вие порадо би се гушкале и бакнувале во тој момент, но вашиот партнер не го сака тоа. Но ве сака вас.

4. Не сакаат секогаш да зборуваат за вашите проблеми

Иако неминовно ќе ве ислуша и поддржи, тој/таа не секогаш сака да зборува за вашите проблеми. Вие имате потреба секогаш да се искажете и да покажете како се чувствувате, а вашиот партнер не само што не сака да зборува за него/неа, туку и некогаш навистина сака само да молчите во меѓусебното присуство.

5. Ве сакаат колку и вие нив, но можеби не секогаш го покажуваат тоа

Забуната со тоа кој кого колку сака настанува токму поради тоа што тој/таа не знае како или не сака да ги изрази своите емоции ама баш за сѐ, па во дадени ситуации делува како да не му/ѝ е грижа за ништо. Немањето емоции (како што тоа ви делува вам) повлекува дека тој/таа не го чувствува истото што и вие. Вие се наоѓате себеси како се лутите што не добивате емоционална потврда од негова/нејзина страна, а тој/таа се лути што воопшто и треба да ја даде.

6. Не се повлекуваат во караница

Вие се чувствувате како секогаш вие да се карате, а тој/таа како постојано да го/ја напаѓате. Вашиот партнер се брани од тоа така што не се повлекува од кавгата, дури и кога не му/ѝ е најјасно зошто се карате. Многу често не ни знае како да ја прекине кавгата или, пак едноставно сака и вие некогаш да го направите тоа. А уште ако вие почнете да плачете, е тогаш ве очекуваат уште многу дискусии.

7. Ве повредуваат со нивната сурова директност

За нив 90% од работите се црно-бели. Знаат што и како го сакаат, а и се многу директни во она што го бараат. И тогаш кога ќе се решат да ги изразат своите чувства, знаат да бидат сурово реални и директни, не размислувајќи за последиците. Тие едноставно така функционираат, па нивната самодоверба знае да биде фрустрирачка и да повреди.

8. Тие се чувствуваат како проблем, секогаш

Тие се такви какви што се, а вие понекогаш сте во ред со тоа, а некогаш наоѓате замерки за работи кои до вчера не ви сметале. И најчесто причината за караницата се тие и нивното навидум неемоционално однесување, а вие сте тие кои постојано се расправате и нешто ви смета. Факт е дека тоа знае да се случува доста често, па веројатноста дека тие се извинуваат или кријат нешто само за да избегнат караница е голема.

9. Чувствуваат дека постојано им се лутите за нешто

Тие се секогаш проблемот, а вие секогаш се лутите. Таа нивна намалена емоционалност прави тие да не се загрижуваат за секоја ситница и да не им сметаат многу работи бидејќи не се доволно важни за да започнат кавга. Но вие како почувствителни, се замерувате и префрлате за секоја ситница, се лутите и за најмалата грешка, а тоа се случува минимум еднаш дневно. Тоа не само што ги иритира нив, туку поверојатно е дека чувството кое го имаат дека постојано се лутите ќе предизвика уште поголем проблем од тој кој го имате.

10. Не се чувствуваат удобно при гушкање и бакнување во јавност

Тие се веќе доволно сложени кога станува збор за изразување на чувствата пред вас, па нема ни потреба да се зборува за тоа кога би станувало збор за изразување на емоциите во јавност. Иако вие можеби сакате да се гушкате и бакнувате каде и да сте и не ви пречи тоа што има луѓе околу вас, вашиот партнер не се чувствува удобно кога го прави тоа. Ова не значи дека тој не ве сака или дека се срами од вас, едноставно се чувствува чудно и погрешно во врска со тоа.

11. Тие нема први да испратат порака

Кога не сте заедно, тој/таа веројатно прави нешто друго што го одвлекува неговото/нејзиното внимание. Дали е на работа или излезен/а со пријатели, факт е дека не сте му/ѝ постојано на ум, а дури и кога сте, доколку нема причина, тој/таа нема да испрати порака. Како помалку чувствителни личности, тие ретко чувствуваат и гледаат потреба од праќање пораки кои немаат содржинско значење.

12. Тие не тежнеат по драма во животот

Вие, како посензитивна личност, барате и вложувате емоции во сѐ. Некогаш, потребно ви е да креирате драма само за да се почувствувате живи и малку да ги раздвижите работите. Вашиот партнер, како помалку чувствителен од вас двајцата, не бара никакви драми во животот. Што посмирено, тоа поубаво. Колку помалку драми, тоа подобро.

13. Немаат трпение за бесмислени работи

Тие не сакаат залудно потрошено време ниту, пак, имаат нерви да слушаат за вашите бесмислени проблеми. Колку што тие не се оптоваруваат со сѐ и сешто, толку вие го правите тоа. Проблемот тука настанува бидејќи тие не само што не сакаат да го слушаат тоа ваше жалење за секакви глупости, туку и немаат нерви за сѐ тоа. И тогаш знаат да се изнервираат.

14. Не знаат како да ве утешат

Вие очекувате одредена реакција и посакувате конкретен начин на поддршка и утеха од вашиот партнер. Но тој не знае како да ве утеши. Како помалку чувствителна личност, вашиот партнер поинаку се справува со ситуации во кои на други им е потребна утеха, па кога треба тој да ви ја пружи на вас, поверојатно е дека наместо сочувствителни зборови, ќе се послужи со некој саркастичен коментар или шега. Тотално несоодветно за ситуацијата, но сепак ненамерно.

15. Љубовта ја изразуваат преку секс

Тие постојано би имале секс со вас. Ја користат скоро секоја можна прилика за тоа, а и буквално сѐ ги пали и ја разбудува кај нив желбата за секс. И додека вие се чувствувате како да им е дојдено само до секс, а не до вас како личност, тие всушност на тој начин ви кажуваат колку ве сакаат и посакуваат. Тие го обожаваат секој дел од вас, а сексот е начинот преку кој тие го изразуваат тоа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар