15 работи кои никогаш не треба да си ги кажувате себеси - Part 2

15 работи кои никогаш не треба да си ги кажувате себеси

8. Животот не е фер. Доколку нештата беа подобри…

Не, животот не е фер и никогаш нема да биде. Секогаш ќе постојат добри и лоши работи коишто ќе се случуваат во различни моменти. Ова е надвор од вашата контрола, така што морате да го прифатите. Но, одлуката за тоа дали ќе се фокусирате на добрите или лошите нешта, зависи само од вас. Можете да се нервирате за негативните работи врз кои немате контрола, но имајте на ум дека тоа нема да направи да се чувствувате подобро, туку полошо. Задржете се на позитивните, бидејќи дури и кога мислите дека сите бродови ви пропаднале, се справувате со тоа подобро одошто мислите.

15 работи кои никогаш не треба да си ги кажувате себеси

9. Си го мразам моето тело

Никогаш не го кажувајте ова! Без разлика дали сте заоблени, слаби или мускулести, вашето тело е прекрасен брод, кој ве носи насекаде низ светот. Грижете се за него и тоа ќе се погрижи за вас. Наместо да наоѓате несовршености со кои ќе си го губите вашето време и енергија, фокусирајте се на она кај вас што сметате дека е слатко или привлечно.

10. Толку сум посрамотен/а, што сакам да исчезнам

Доколку сте „ја оплескале“ работата во јавност и чувствувате како ви се заруменуваат образите, земете длабок здив и речете си, „Ова не беше толку страшно“. За да освоите бонус поени пред луѓето пред коишто сте се засрамиле, набрзина кажете некаква шега на своја сметка, за да покажете дека не ги сфаќате работите премногу сериозно.

11. Не сум доволно добар/ра за неа/него

Љубовните парови не се делат на привлечни, непривлечни или средно привлечни луѓе, за да можете да кажете дека не сте во нејзината или неговата лига. Доколку ви се допаѓа некој, кажете му/ѝ го тоа в лице. Немате што да изгубите. Ќе ви одговори да или не, а вистината е секогаш подобра од живеењето во илузија.

12. Не можам да верувам дека го/ја одбра него/неа наместо мене

Љубомората е деструктивна емоција, која носи повеќе штета отколку добро. Доколку колега добил унапредување на коешто вие се надевавте, не му завидувајте за тоа. Без разлика дали сте заслужиле и вие унапредување, не е виновен колегата што шефот не ве одбрал вас. Наместо да се депримирате околу тоа, преземете акција. Сакате промоција? Не озборувајте, докажете дека ја заслужувате.

13. Премногу е тешко

Има многу потешки работи во животот, отколку тоа што вие мислите дека не можете да го остварите. Никогаш не ја кажувајте ниту помислувајте оваа реченица. Доколку верувате во вашата цел, сигурно можете да ја остварите.

14. Не можам да верувам на никој. Премногу сум бил/а повреден/а

Има еден интересен факт поврзан со довербата, колку помалку им верувате на другите луѓе, толку помалку ќе ви веруваат и тие вам. Дали сите луѓе ја заслужуваат вашата доверба? Секако дека не, но нема причина да ве фаќа параноја. Само затоа што некои луѓе во минатото ве повредиле, не значи дека сите луѓе се во мисија да ве повредат, туку само значи дека можеби не сте ги сретнале вистинските.

15. Можеби треба да се откажам

Животот е како видео игра. Без разлика колку пати и да изгубите, секогаш можете да притиснете на копчето „играј пак“, кога и да посакате. Не можете да изгубите додека не се откажете, така што не се откажувајте!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар