15 работи кои никогаш не треба да си ги кажувате себеси
Во зависност од тоа како се доживувате себеси, тоа може да ве претвори во подобра личност или да ве скрши. Доколку сакате да бидете успешна и правилно изградена личност, внимавајте на овие 15 работи, кои никогаш не треба да си ги велите на себе.
1. Би сакал/а да немав толку лоша среќа
Колку повеќе ги прифаќате можностите кои излегуваат пред вас, толку подобра „среќа“ ќе имате. Доколку навистина сакате нешто, одете и земете го. Успехот е резултат на акција, а не на добра или на лоша среќа.
2. Прекасно е за мене, па зошто воопшто да се трудам?
Никогаш не е доцна да го промените вашиот живот. Дури и оние „најоштетените“ можат да станат од пепелта и да ја преземат контролата врз нивниот живот. Гледајте на вашата возраст како на предимство, а не како на некаква препрека. Со годините доаѓа искуството, а со искуството доаѓа знаењето.
3. Што ќе си помислат тие за мене?
Размислувањето за тоа што другите мислат за вас, е сигурен начин за зголемување на вашето ниво на стрес. Никогаш не го жртвувајте вашето „сопствено јас“, само за ги импресионирате другите. Доколку некој пријател е доволно вреден, тој/таа ќе ве цени онакви какви што сте, а не онакви какви што сака да бидете.
4. Толку сум глупав/а
Никој не ги знае одговорите на сите прашања, така што не се оптоварувајте со тоа. Секој од нас има цел сет од уникатни способности. Доколку сте лоши во една работа, не значи дека сте глупави. Наместо да се фокусирате на вашите слабости, посветете се на развивање на вашите јаки страни и користете ги што е можно повеќе. Колку подобри станувате во некоја работа, толку посамоуверени ќе станувате.
5. Никој никогаш нема да ме сака
Како е возможно да го знаете тоа? Не можете! Па, доколку решите да останете дома и да размислувате за тоа како никој не ве сака, наместо да излезете надвор и да побарате потенцијален партнер, ја правите ситуацијата полоша. Господинот или госпоѓицата Совршен/а, нема да може да ве пронајде доколку се тегнете по дома, во пижами.
6. Не можам да го направам тоа
Не го признавајте вашиот пораз уште пред да започне борбата. Ако ви фали мотив, помислете на трите најголеми достигнувања во вашиот живот, на пример стекнувањето со универзитетска диплома, добивањето унапредување на работа, започнувањето блог, започнувањето убава љубовна врска или што и да е. Размислете кои ваши квалитети ги употребивте при реализирањето на секоја од овие цели и запишете ги. Забележувате некакви насоки? Истите тие ќе ве одведат кон нови успеси.
7. Не верувам дека му/ѝ се допаѓам, бидејќи не ми врати на пораката/повикот
Донесувањето вакви заклучоци е резултат на тоа што мислите дека светот се врти околу вас. Не е пологично да помислите дека вашиот пријател/партнер имал тежок ден или се задржал на работа или факултет? Луѓето имаат обврски, така што почекајте малку, пред да носите заклучоци.