15 работи кои би ѝ ги кажал/а на помладата верзија од себеси

15 работи кои би ѝ ги кажал/а на помладата верзија од себеси

Како што растеме стануваме помудри поради лекциите на кои нè научил животот. Сигурно во моментов би имале многу нешта да ѝ кажете на помладата верзија од себеси. Иако нема поента да се навраќаме на минатото, кога ќе видите колку работи би си кажале самите себе, ќе сфатите колку сте постигнале и колку сте еволуирале. Земете лист и напишете што би ѝ кажале на помладата верзија од себеси. Тоа може да биде добра вежба за самодоверба.

15 работи кои би ѝ ги кажала на помладата верзија од себеси

1. Нема потреба од грижа. На крај сè ќе излезе добро.

2. За навистина да бидеш среќен/на фокусирај се на тоа како ти го доживуваш животот, а не како тој им изгледа на другите.

3. Што другите велат или прават не кажува ништо за тебе, туку зборува многу за нив и туѓите зборови и постапки не треба да те засегаат.

4. Падот е неизбежен во сечиј живот. Важно е да се исправиш на нозе и да не се сопнеш пак на истиот камен.

5. Единствената личност која ти стои на патот до среќата си самиот/ата ти.

6. Тоа нешто што го мразиш кај себе обично е истото тоа што другите го сакаат кај тебе.

7. Сè во животот е резултат на изборот кој го правиш. Ако сакаш различен резултат направи поинакви одлуки.

8. Многу нешта во животот зависат од твојата самодоверба. Никогаш не потценувај се себеси.

9. Најдобар начин да решиш некој проблем е да престанеш да му посветуваш толку големо внимание.

10. Постојат многу „пријатели“ кои не ти се вистински пријатели. Не троши го времето на нив.

11. Престани да се преокупираш со неважни работи. Животот е убав, препушти се и уживај.

12. Колку и да не сакаш да го правиш тоа во моментов, вложувај многу во своето образование.

13. Неретко луѓето ќе имаат спротивно мислење од твоето. Научи да ги ислушаш и да ги почитуваш оние со различно мислење.

14. Не повредувај ги оние кои ги сакаш и те сакаат.

15. Со напорна работа успехот е неизбежен.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар