15 причини зошто секоја домаќинка треба постојано да има во близина чепкалки за заби
Смачено ви е постојано да губите време барајќи го почетокот на селотејпот? Или пак, колку и да се трудите, изгледа како никогаш да не можете да ја исчистите целосно тастатурата од вашиот компјутер? Погледнете ги следниве трикови со чепкалки за заби кои ќе ви го олеснат секојдневието…
1. Чепкалката за заби е најдобра алатка за боење излупени делови од мебелот. Таа е поевтина, помала и попрецизна од четката, па токму затоа ви овозможува лесно и брзо да нанесете боја на минијатурна површина.
2. Тие се одлични сојузници кога треба да нанесете лепило на некоја мала фигурина или декорација во домот.
3. Губите живци кога се обидувате да го пронајдете почетокот на селотејпот? Залепете чепкалка за заби на површината по употребата и веќе никогаш нема да го имате овој проблем.
4. Обликот и големината на чепкалките за заби се одлични за чистење на тастатурата на вашиот компјутер, ќошињата на смартфоните или краевите на мебелот. Едноставно потопете го врвот од чепкалката во алкохол и поминете по површината на објектот кој сакате да го исчистите.
5. Тие се одлична алатка за низа проекти од типот направи сам така што ви овозможуваат лесно аплицирање на минијатурните декорации, лепење и изработка на предметите. Исто така можете многу лесно да ја претворите и самата чепкалка за заби во декорација за мафини или знаменце за коктели.
6. Тие се од голема корист при наводнување на домашните цвеќиња и растенија, односно помагаат при проверката на влажноста на земјата. Боцнете со чепкалката во земјата на цвеќето и веднаш извадете ја. Доколку чепкалката е чиста, на земјата ѝ е потребна вода, но доколку е прекриена со земја, тогаш можете да почекате со наводнувањето.
7. Поставете 3 чепкалки за заби во земјата околу насадените патлиџани со цел да го спречите нападот на гасеници.
8. Тие можат да послужат и како помагало за стабилизирање на скршените цвеќиња или растенија. Заврзете ги со конец околу скршеното стебло и тоа ќе почне полека да се подобрува.
9. Чепкалките за заби горат побавно од класичните чкорчиња, па токму затоа тие се подобар избор за палење на роденденските свеќи на тортата.
10. Со нив можете и многу лесно да проверувате дали вашиот колач е печен. Доколку чепкалката е сува, вашиот десерт е готов, но доколку е влажна, тогаш потребно му е уште малку печење.
11. Со четки во различни бои означете ги различните продукти кои ги користите за готвење.
12. Тие се идеална помош за подготовка на коктели. На нив можете да ја поставите маслинката за мартини, или пак, парчињата овошје за тропскиот коктел.
13. Подобрете го вкусот на храната така што ќе ги прободете намирниците со чепкалка која претходно сте ја прободеле во парче сланина.
14. Тие ќе ви помогнат и да ги одржите сите намирници на едно место. Прободете ги состојките при подготовката на богат сендвич или хамбургер, или пак, кромидот кој сакате да го потпечете на скара без притоа да ви се разлиста.
15. Чепкалката во уста е проверен метод за орално одвикнување од цигари кога сакате да се ослободите од вашата зависност од никотин.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.