15 предупредувачки знаци дека сте во насилна врска
Патот до побезбеден, поздрав и посреќен живот често започнува со стекнување на потребното знаење. Ако препознаете некое од следниве однесувања кај вашиот партнер, тие може да бидат знак дека партнерот ве злоупотребува во врската.
1. Ве притиска да му се посветите многу брзо
Тој станува агресивен велејќи: „Никогаш досега не сум се чувствувал толку сакано од никого“. На тој начин ве притиска да му бидете посветени само нему.
2. Постојано е љубоморен
Вашиот партнер е претерано посесивен, постојано ви се јавува или ве посетува ненајавено.
3. Ве контролира
Постојано ве прашува со кого разговаравте и каде сте биле, го проверува бројот на поминати километри на вашиот автомобил, тој ги чува сите пари или ви бара сметки и инсистира да побарате дозвола за да одите некаде или за да направите нешто.
4. Има многу нереални очекувања
Тој очекува совршенство од вас, а вие треба да ги исполните сите негови потреби.
5. Тој ве изолира
Се обидува да ве отсече од семејството и од пријателите, ве лишува од телефонот или од автомобилот или се обидува да ве спречи да одите на работа.
6. Ги обвинува другите за сопствените грешки
Шефот, семејството, вие – секогаш некој друг е виновен ако нешто тргне наопаку.
7. Ги прави сите други одговорни за своите чувства
Насилникот вели: „Ме лутиш“ или „не би се изнервирал ако ти не…“ наместо „лут сум“.
8. Тој е пречувствителен
Лесно се навредува и постојано се жали за неправдите кои се дел од неговиот живот.
9. Се однесува сурово кон животните и кон децата
Тој ги убива или ги казнува животните брутално. Исто така, може да очекува децата да прават работи надвор од нивните способности или да ги задева сè додека не почнат да плачат.
10. Употребува сила за време на сексот
Тој ужива да ве држи против вашата волја, идејата за силување му е возбудлива, ве заплашува, манипулира со вас или ве принудува да правите нешто што не сакате.
11. Подложени сте на вербална злоупотреба
Тој постојано ве критикува или ви кажува сурови работи. Ве деградира, пцуе и ве нарекува со погрдни имиња. Ги користи вашите слаби точки против вас.
12. Инсистира на старомодни родови улоги во врската
Тој очекува да му служите, да бидете покорни и да останете дома.
13. Има ненадејни промени во расположението
Тој преминува од нежност во лутина за неколку минути.
14. Во минатото ги тепал другите
Тој признава дека ги тепал жените во минатото, но вели дека тие или ситуацијата го довеле до тоа.
15. Се заканува со насилство
Понекогаш вели: „Ќе ти го скршам вратот“, но потоа го негира тоа велејќи: „Јас навистина не го мислев тоа“.
Прочитајте кои 8 работи ги кажуваат мажите само кога навистина ве сакаат.