15 поинакви намени на вотката

15 поинакви намени на вотката

Еден од светски најконсумираните алкохолни пијалаци, вотката, има многу други намени кои можат да ни се најдат некогаш во животот. Ова се само дел од нив, но интересно е да се знаат бидејќи можат да бидат многу корисни.

15 поинакви намени на вотката

1. Вотката може да ја употребите за безболно да отстраните залепен завој или ханзапласт. Натопете го завојот со вотка бидејќи таа го растопува лепилото.

2. Многу лесно можете да ги исчистите затнатите одводи и тушеви. Во едно празно шишенце од спреј-распрснувач ставете вотка и испрскајте околу деловите кои сакате да ги исчистите. Оставете да постои 5 минути и потоа убаво измијте. Алкохолот во вотката ја убива мувлата.

3. Со помош на вотката многу лесно можете да ги исчистите стаклата на вашите очила. На сува и мека крпа сипете малку од пијалакот и вашите очила ќе светнат за секунда. Алкохолот ги убива и бактериите кои се наоѓаат на нив.

4. Вотката може да ви помогне и при продолжувањето на рокот на употреба на жилетите за бричење. После употребата, оставете го жилетот да стои во чаша со вотка. Вотката ќе го дезинфицира сечивото и ќе го спречи неговото кородирање.

5. Можете да ја користите и за отстранување на разни дамки. Нанесете малку вотка на дамката и потоа поминете ја со мека четка. Пота исплакнете, оставете да се исуши и на крај исперете го она што го чистите.

6. На мало памукче, нанесете вотка и дезинфицирајте си го лицето. Таа ќе ви помогне убаво да ги исчистите и затегнете порите.

7. Додадете 45 милилитри вотка во вашиот шампон од 300 милилитри. Алкохолот ќе ви помогне за подобро чистење на скалпот, ќе ги отстрани токсините од косата и ќе го стимулира растот на здравата коса.

8. Во шишенце-распрснувач наполнете вотка и прскајте за да ги разбркате осите и пчелите.

9. Во кесичка на затворање сипете 250 милилитри вода и 250 милилитри вотка и ставете ја да се замрзне. Кашестиот мраз искористете го за покривање на деловите на кои чувствувате болки или пак ставете го на темните подочници.

10. Наполнете празна чиста тегла со цветови од лаванда и потоа дополнете ја со вотка. Оставете ја да стои на сонце 3 дена и потоа процедете ја течноста. Неа можете да ја употребувате за масажа или против болки.

11. За да се ослободите од треска, намачкајте ги градите и грбот со вотка натопена на памучна крпа.

12. За да ја отстраните непријатната миризба на вашите нозе, измијте ги со вотка.

13. Вотката може да се употреби и за дезинфекција и ублажување по убод од медуза.

14. Сипете вотка на подрачјето зафатено од отровен бршлен за да го отстраните алергенот од кожата.

15. Со една чаша вотка направете жуборење низ вашата уста за да ја намалите болката на вашиот заб. Дозволете непцата да апсорбираат малку од алкохолот, кои потоа пополека ќе ја анулираат болката.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Mia Reply

    На мало памукче, нанесете вотка и дезинфицирајте си го лицето. Таа ќе ви помогне убаво да ги исчистите и затегнете порите. – дефинитиво пробувам!

  2. nema Reply

    se ova moze i so rakija 😀

  3. BEZ Reply

    16. ZA da gi napravite lugjeto okolu vas poubavi 🙂

    • Смајли Reply

      ТОЧНО и доста корисно за некои! 😀

  4. jazeka Reply

    dobro utro… site ovie raboti kaj nas se pravat so rakija veke 100 godini…

  5. Име Reply

    Колку треба да си ретардиран за да напишеш цел текст водка со Т. оф мори мајко

    • Кафе пауза Reply

      „Vodka“ со „д“ се пишува оригиналното име на алкохолниот пијалак. Во македонскиот јазик, поради едначењето на согласките по звучност, буквата „д“ во допир со „к“, преминува во „т“. Тоа можеш да го провериш во Правописот или во Правописниот речник. Поздрав

      • Ivva Reply

        Мислам дека при изговорот се слуша „т“ , но се пишува со „д“.

  6. смиренов Reply

    15 начини да уништиш вотка.

Остави коментар