15 парчиња облека што ви се потребни за секоја пролет
Ако некое парче недостасува, надополнете ја колекцијата и бидете подготвени да ја поминете пролетта како модерна жена. Со новите трендови, секоја модна сезона означува и враќање на модните класици. Овие 15 парчиња облека ви се потребни за секоја пролет – ако ги имате, имате сè што ви треба за оваа пролет.
1. Мантил
View this post on Instagram
Ако ги цените безвременските парчиња, изберете модел во беж боја. Похрабрите дами може да експериментираат со кожени палта или со повпечатливи бои.
2. Плисирано миди здолниште
View this post on Instagram
Во последниве години, плисираните здолништа беа апсолутен хит и во пролетните и во летните сезони, така што нема да згрешите со изборот на овој удобен и практичен модел.
3. Фустан со удобен крој
View this post on Instagram
Кога ќе пристигнат првите пролетни денови и повисоките температури, веднаш им се препуштаме на фустаните. Меѓу најпопуларните се миди моделите украсени со цветни дезени.
4. Кожена јакна
View this post on Instagram
Исто како мантилот, старата кожена јакна може да се комбинира со сите ваши парчиња облека, од фармерки до фустани. Истото важи и за обувките.
5. Сако (или блејзер)
View this post on Instagram
Пролетта е период на промена на временските услови, па затоа е добро да се облекувате слоевито, а сакото или блејзерот ќе ви помогнат во тоа.
6. Кардиган
View this post on Instagram
Истото важи и за кардиганите кои можете да ги носите во секое време од денот.
7. Бела маица
View this post on Instagram
Класичната бела маица е секогаш во мода и е исто така незаменлива во пролетната гардероба.
8. Џемпер
View this post on Instagram
Од плетените џемпери не треба да се откажувате ни по ладните зимски денови, а удобниот џемпер со поширок крој е одличен избор за ладните пролетни денови.
Продолжува на следната страница…