15 очигледни знаци дека постојано сте изложени на интензивен стрес

15 очигледни знаци дека постојано сте изложени на интензивен стрес

Хроничниот стрес со кои секојдневно се соочувате не секогаш резултира со сериозни здравствени проблеми кои би ви покажале дека е време за промени во вашите животни и работни навики. Стресот најчесто тивко, но постојано влијае на вашиот организам, па затоа е потребно да научите како да ги препознаете симптомите кои ве предупредуваат дека време е за промена на вашиот начин на живот.

15 очигледни знаци дека сте под стрес

1. Уморни сте без оглед на квалитетниот сон. Спиете редовно и доволно, но сепак и после добро поминатиот ден, вие се чувствувате уморни и сакате веднаш да се вратите во кревет.

2. Наутро тешко се будите. Поради долгорочното изложување на стрес, тироидната жлезда не лачи доволно од хормонот кортизол, кој наутро обично го стимулира производството на енергија во вашето тело и ви помага да се разбудите.

3. Немирен сон. Со должината на сонот прогресивно се зголемува и бројот на позитивни и убави соништа. Но, кога сте нервозни и напнати, често се будите и поради тоа се намалува можноста за постигнување на фазата во сонот каде што уморните соништа се заменети со позитивни.

4. Имате голема желба за солена храна. Хроничниот стрес доведува до нарушена рамнотежа во износот на електролити во телото, па затоа имате потреба за нешто солено.

5. Ви се завртува во главата кога станувате од седечка или лежечка состојба. И ова е директна последица од недостатокот на електролити.

15 очигледни знаци дека сте под стрес

6. Тежок ПМС и нередовна менструација. Во телото се излачува вишок хормон на стрес, што влијае на нерамнотежата на половите хормони. Сето ова резултира со потешки симптоми на ПМС и нередовен месечен циклус. Болните менструални грчеви се два пати посилни кај жените кои се под стрес, отколку кај оние кои не се под негово влијание.

7. Често сте настинати. Хроничниот стрес доведува до послаб имунолошки системи и поради тоа вашето тело потешко се бори против бактериите и вирусите со кои сте опкружени.

8. Одеднаш не знаете како да се справите со стресните ситуации. Иако порано брзо сте се соочувале и сте знаеле како да се справите со одреден проблем, сега едноставно не знаете од каде да започнете и како да го намалите чувството на паника. Тоа се случува затоа што по долгото изложување на стресни ситуации, вашата способност за толеранција и отпорност на стрес, значително се намалува.

9. Не можете да поминете ниту еден ден без кофеин или енергетски пијалак. Задолжително пиете кафе или енергетски пијалак за да се чувствувате помалку уморни и да имате почист ум? Ова е знак дека вашите природни резерви на енергија се испразнети токму поради стресот.

10. Главоболка за време на викенд. Слаба главоболка или интензивна мигрена може да се појави во текот на викендот, кога паѓа нивото на стрес и напнатоста.

15 очигледни знаци дека сте под стрес

11. Ненадејна појава на акни. Воспалената кожа исто така може да биде знак на стресен начин на живот. Ако ве мачат такви мозолчиња, користете производи кои одговараат на вашата кожа, а доколку немате позитивен резултат по одреден период, не заборавајте да посетите дерматолог.

12. Појава на кожни болести. Доколку сте изложени на стрес, може да се соочите и со одредени кожни болести.

13. Појава на нови алергии. Хормоните на стресот стимулираат лачење на протеин во крвта кој е одговорен за алергиски реакции во организмот.

14. Болки во стомакот. Иако сѐ уште не е доволно медицински истражувана поврзаноста помеѓу вознемиреноста и болките во стомакот, во многу истражувања е докажано дека грчевите во стомакот можат да бидат поттикнати од нервоза и други симптоми на стрес, како што е вознемиреност и страв.

15. Заборавање и губење на чистиот ум. Ви треба ли долго време за да ја исчистите вашата глава, не можете да ги средите мислите и често заборавате? Сето тоа е последица на стресот.

15 очигледни знаци дека сте под стрес


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар