15 нешта за кои не се грижат среќните луѓе

15 нешта за кои не се грижат среќните луѓе

Среќата не е дестинација каде треба да се стигне, среќата едноставно е пат низ животот, начин на размислување и гледање на нештата. Кога ќе ги погледнете среќните луѓе сфаќате дека тие шират топлина, љубезност и разбирање, дека се чувствуваат удобно во својата кожа и се прифатиле себеси такви какви што се. Најважно од сè тие не се преокупирани со наоѓање среќа бидејќи знаат дека таа е пред нив, спакувана во сите мали животни задоволства. Еве за што не се грижат навистина среќните луѓе и за што не треба да се грижи никој од нас.

15 нешта за кои не се грижат среќните луѓе

1. Материјалните работи

Секако, материјалните работи се важни, и како што некој рекол подобро ќе плачам во Ферари отколку во Југо. Но, дали материјалните работи треба да ни бидат главниот фокус во животот? Дали се мерило за нашата среќа? Не. Одберете да си ја вршите работата со страст и љубов, да дадете најмногу од себе за да разубавите нечии животи, а кога одвреме-навреме ќе се слеат пари, бидете задоволни, но не зависете од нив. Луѓето кои се зависни од материјалните нешта ја наоѓаат својата лажна среќа во нив и никогаш не им е доста, никогаш нема да бидат исполнети ниту пак вистински среќни.

2. За она што ќе го добијат за возврат

Не е добро дело доколку очекувате награда, и никогаш нема јасно да ги видите „сметките“ колку сте дале и колку ви должат. Наместо да се преокупирате со тоа, живејте слободно, правете добри дела не очекувајќи „исплата“ за истите.

3. За очекувањата и нормите на општеството

Постојаните обиди да ги задоволите другите и да се вклопите негде може да бидат стресни и да влијаат многу лошо на вашата среќа. Наместо тоа, живејте го животот на ваш начин. Да, многу полесно е да се каже отколку да се направи, но претпоставувам за тоа е потребно вежбање. Почнете да се ослободувате себеси и да се чувствувате удобно во својата кожа. Бидете свои и со тек на време тоа ќе ви стане навика. Наместо да следите некои здодевни веќе поставени шеми, вие создавајте свои правила. Никој не гради среќно постоење со обидите да се вклопи некаде или да биде нечија копија, нели?

4. За предрасудите на луѓето

Луѓето имаат многу предрасуди, најчесто со цел да се чувствуваат подобро самите за себе бидејќи им недостига самодоверба. Среќните луѓе не се грижат за предрасудите на општеството бидејќи знаат дека тие се поставени од личности кои се борат со своите комплекси. Во живеењето на својот сон нема да ги попречи нивниот пол, возраст, висина, потекло, боја на кожа и сл.

5. За нечија дозвола

Нели е заморно да се живее со постојана потреба да се задоволат сечии барања? Што правиме доколку за сè чекаме зелено светло од некој друг? Можеби токму на тој начин го одлагаме нашиот исполнет живот. Никогаш нема сите да се согласуваат 100% со вас и секогаш ќе има некој кој ќе ве гледа со сомнеж. Вие сепак продолжете и сторете го она што сте го наумиле. Не дозволувајте ничие мислење да ве обесхрабри.

6. За потребата постојано да се во право

Нема некој кој знае сè и кој има одговори на секое прашање. Бидете отворени за нови лекции и не поставувајте се како супериорни личности кои знаат сè што треба да знаат за животот. Не секогаш ќе бидете во право и тоа е во ред. Слушнете што другите имаат да ви кажат. Некогаш најголемите лекции доаѓаат кога најмалку ги очекувате.

7. Не се зависни од погодно опкружување

Зошто да се преокупирате со вашето опкружување и да дозволите тоа да ви биде пречка во животот? Променете го она што не ви одговара, прифатете го она што не може да го промените, дајте сè од себе. Никогаш околностите нема да бидат совршени, сепак одберете да дејствувате.

8. За споредување со другите

Постојаното споредување со другите е нездрава навика која ве спречува да живеете слободно. Никогаш нема да знаете како им е на другите и никогаш нема да ја согледате објективната слика. Наместо тоа, одберете да се споредувате самите со себе. Гледајте секој ден да станувате подобра верзија од себеси.

15 нешта за кои не се грижат среќните луѓе

9. Не се мешаат во туѓите животи

Мешањето и зборувањето за туѓите животи е само показател дека твојот живот не е доволно возбудлив и исполнет. Среќните луѓе одбираат да си ги средат сопствените дворови наместо да зборуваат за туѓите.

10. Не се грижат за озборување

Озборувањето е плитка карактеристика на луѓето кои немаат попаметна работа, и среќните луѓе се свесни за тоа. Озборувањата се шират како вирус и со секое прекажување добиваат нова форма. Одберете да не го пополнувате слободното време со ваква активност и да ја запознаете личноста сами наместо да ја оцените според тоа што другите зборуваат.

11. Не трошат време на отровни врски

Без разлика дали станува збор за љубовна или пријателска врска, секој од нас искусил токсична врска која ви ја зема позитивната енергија и не ви дозволува да живеете слободно. Да, можеби на почетокот ќе ви биде тешко отсечно да пресечете и ставите крај, но за брзо ќе си бидете благодарни самите себе. Опкружете се со позитивни личности кои ве надградуваат и ве мотивираат да го истакнете најдоброто од себе, само така може да бидете среќни.

12. Не чуваат омраза и лоши мисли

Одберете да им простите на луѓето од вашето минато, не заради нив туку заради самите себе. Чувањето омраза во себе и памтењето на лошите работи само се пласти слој по слој уништувајќи ве и оневозможувајќи ви да живеете слободно.

13. Не обрнуваат внимание на лагите

Секој лаже понекогаш, само што некој лаже навистина често. Среќните луѓе не се грижат за оние кои шират лаги и невистини за нив или за нивните пријатели и блиски. Таквите личности едноставно ги игнорираат.

14. Не трошат време на самосожалување

Понекогаш животот не е фер, и не само кон поединци туку кон сите. Наместо да заглавите во шема на самосожалување, вперете го прстот најпрво кон себеси. Што вие може да направите за да ја подобрите ситуацијата? Ако животот ви зададе удар а вие одберете да останете на земја сожалувајќи се, никогаш нема да се исправите на нозе и да се обидете повторно.

15. Не размислуваат за одмазда

Кроењето планови за одмазда ви троши скапоцено време и ја цица позитивната енергија. Секој може да му згреши некому, некогаш и несвесно. Ослободете се од тој товар и дозволете вашиот слободен, среќен и успешен живот да зборува наместо вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар