15 навики на мизерните луѓе
Кога некој човек е мизерен, тој никогаш не гледа и не очекува нешто добро и секогаш се обидува да ги направи мизерни и оние околу него. Мизерноста е начин на живот за некои луѓе бидејќи тие постојано се сожалувани од други како нив. Па, доколку и вие се чувствувате мизерно, погледнете некои од навиките кои се карактеристични за тоа чувство и обидете се направите промена.
1. Тие никогаш не се благодарни
Благодарноста за што било во животот на мизерните луѓе не постои. Тие избегнуваат каква било форма на изразување благодарност и тоа по секоја цена бидејќи тоа се противи на нивните верувања. Тие мислат дека благодарноста е трошење време бидејќи во животот постојано има работи за кои треба да бидат неблагодарни.
2. Тие водат досаден живот
Тие го прават нивниот живот досаден и без авантури, а потоа се жалат за истото. Кога тие ќе сфатат дека нивниот живот е досаден, ќе почнат да веруваат дека самите се досадни и ќе се обидат тоа да го проектираат тоа и на другите.
3. Тие живеат во минатото и истото го величаат
Мизерните луѓе постојано се навраќаат на минатото и заглавуваат во него, наместо да продолжат понатаму. Тие зборуваат за тоа што се случило, тоа што го направиле и како им било порано, притоа наспоменувајќи дека од тогаш животот им се движел само надолу. Кога тие зборуваат за минатото, обично кажуваат дека биле родени на грешно место и во грешно време или кога биле мали никогаш не го добивале тоа што го сакале.
4. Тие прават работи само за лична корист
Тие се опкружуваат со луѓе кои размислуваат како нив па дури и избираат „професии“ во кои се вклучени криминални активности. Тие секогаш земаат од другите, или пак се преправаат дека прават добро, иако нивните намери не се такви.
5. Тие се плашат од економска загуба
Стравот е добра навика доколку сакате да бидете мизерни. Стравот ги тера мизерните луѓе да работат прекувремено, или во фирма којашто не се грижи за своите вработени. Тие се алчни кога станува збор за пари и великодушноста не постои во нивниот живот.
6. Тие сакаат да започнуваат расправии
Понекогаш мизерните луѓе започнуваат кавга од ништо со нивните најблиски. Обично причината за тоа е нешто сосем неповрзано со сегашната ситуација. Истовремено, тие очекуваат другата личност да им одговори со сожалување и ако тоа не се случи, тие ќе ја потсетат. Ќе почнат да глумат жртви иако тие ја започнале кавгата.
7. Тие ги обвинуваат другите и глумат жртви
Мизерните луѓе одлично знаат како да ги обвинат нивните родители бидејќи тие ги донеле на овој свет и ги направиле личноста која денес се. Исто така ќе ги обвинуваат децата кои ги задевале на училиште, професорите кои не ги сакале или пријателот кој не ги исполнувал сите нивни желби.
8. Тие мислат дека намерите на другите се нечесни
Тие ќе го сфатат секој коментар или мислење на грешен начин. Тие веруваат дека навредувањето е целта на сите луѓе, па ова ги тера секогаш да се одбрануваат, дури и кога нема потреба. Мизерните луѓе секогаш го очекуваат најлошото од другите и не можат да замислат дека некој прави нешто со добра намера.
9. Си создаваат негативен идентитет и уживаат во тоа
Мизерните луѓе секогаш ќе им кажат на другите што не е во ред со нив. Тие го прават ова фокус на нивниот живот и го спомнуваат секогаш кога ќе им се пружи прилика.
10. Сакаат да се мешаат во животите на другите
Тие секогаш ќе бидат центарот на кавгите во нивните и во животите на другите. Преувеличуваат ситуации и ги утешуваат останатите со нивните „екстремно“ тажни приказни.
11. Секогаш го очекуваат најлошото
Животот е лош и сите негативни работи им се случуваат само ним – ова е мантрата на мизерните луѓе. Оптимизмот за иднината е глупост и залудно е да бидат позитивни. Бракот веројатно ќе им пропадне, нивните деца се лоши и не ги сакаат, нивниот дом ќе се распадне и нивната работа е неподнослива. Ако се случи некоја катастрофа, сигурно ќе им се случи на овие луѓе и тие нема да бидат изненадени.
12. Се фокусираат само на себе
Овие луѓе се фокусираат само на себе, на нивните потреби и на нивните проблеми бидејќи проблемите и страдањата на другите не се лоши колку нивните.
13. Тие критикуваат сè
Ништо не е доволно добро, ништо не работи и ништо не може да усреќи мизерна личност. Тие ќе критикуваат без разлика дали луѓето се сложуваат со нив или не. Мизерните луѓе секогаш ќе го кажат своето мислење прво.
14. Премногу се грижат
Непотребните грижи ги прави луѓето да се чувствуваат мизерно. Тие не слушаат кога некој им зборува и ќе бидат опседнати од ситуации и работи врз кои немаат контрола.
15. Тие се љубоморни на успехот на другите
Мизерните луѓе нема директно да кажат дека се љубоморни на нечиј успех. Кога некој е среќен, тие ќе се потрудат да ги наведат сите работи кои би можеле да тргнат наопаку.
Погледнете ги и лошите навики од кои треба да се одвикнете пред да наполните 25 години.