15 начини на кои самите си ги саботирате најдобрите години од вашиот живот
Дали чувствувате како нешто да ви недостига? Дали знаете дека најголем дел од проблемите си ги наметнувате сами? Еве 15 примери за тоа како самите си создавате пречки во вашиот живот.
1. Се споредувате со другите
Никогаш нема да имате достоен живот ако постојано се судите и го споредувате вашиот живот со животот на некој друг. Ова е една од најтешките работи кои треба да ги научите, но што поскоро сфатите дека вашиот успех треба да го мерите само според вас, толку посреќни ќе бидете.
2. Го запоставувате вашето здравје
Бидејќи не се грижите за себе (физички, психички и сè помеѓу) се чувствувате неубаво. Не треба целосно да ѝ се посветите на теретаната или да јадете само растенија – едноставно не правете работи кои знаете дека се штетни за вас.
3. Им давате шанса на луѓе кои не ја заслужуваат
Ако знаете дека некој е лошо друштво за вас, и знаете дека не се променил, можеби надежта дека ќе се смени не е најдоброто размислување за вас.
4. Слушате совети што не ви требаат
Не треба да му верувате на секого што ќе ви каже „Дваесеттите се за тоа!“. Ако нешто не ви изгледа добро, верувајте му на инстинктот.
5. Не ја разбирате вредноста на парите
Бескрајно ќе си бидете благодарни ако почнете уште сега да штедите.
6. Не посегнувате кон луѓето кои ги сакате
Јавете му се на некого од семејството. Јавете му се на вашиот добар пријател. Кажете им колку ги сакате и цените. Не бидете од оние луѓе кои никогаш не се достапни, а потоа им е криво за тоа.
7. Не ги ширете вашите крилја
Ако се чувствувате заробени, веројатно сте. Но знаете ли кој може да го смени тоа? Вие. Не одбивајте да направите нешто само затоа што е различно од вашата рутина. Прифаќајте предизвици, живејте. Ако ништо друго, ќе имате одлични приказни за раскажување.
8. Живеете зад екран
Сите ги сакаме социјалните мрежи, но треба да ги оставиме малку. Социјалните мрежи не се реалниот живот. Запомнете дека во животот има многу повеќе од лајкови, следбеници и пишување статуси.
9. Не мислете дека можете повеќе
Да се биде скромен е во ред, но должни сте си себеси да се туркате колку што можете. Ако никогаш не го правите тоа, нема да знаете што сте. А тоа нели е вредно за откривање?
10. Живеете за викендот
Некои од најдобрите сеќавања ви се враќање дома доцна навечер, или рано наутро, па и по некое лудување. Но, не треба да си дозволите да се изгубите во журкањето. Сигурно сакате да сте во можност да ги запомните вашите доживувања, а не да ги составувате од замачкани селфиња.
11. Не признавате кога грешите
Научете да се извинувате. Дури и кога не сакате. Дури и кога чувствувате дека вам треба да ви се извинат. Учењето како да бидете „поголемата“ личност ќе ви служи целиот живот. Научете како да се справите со вашите грешки и животот ќе ви стане полесен.
12. Одбивате да се промените
Вие ќе се менувате како личност. Но што ако постојано ја одбивате таа промена бидејќи не е каква што сте замислиле? Со тоа само спречувате да станете личноста која навистина сте.
13. Планирате сè и мислите дека можете да го надитрите животот
„Животот се случува додека вие планирате“ е клише изрека, но со причина. Ако мислите дека можете да го испланирате вашиот живот, многу се лажете.
14. Не кажувате што мислите
Знаете што ви треба, знаете како се чувствувате, знаете што сакате да кажете. Па кажете го тоа! Бидете си сам свој адвокат. Не треба да очекувате некој друг да биде за вас.
15. Не си давате простор и дозвола само да постоите
За крај, должни сте кон себе да си дадете пауза. Никој никогаш не постигнал сè што замислил ниту пак го изградил животот од соништата во само еден ден. Заслужувате да си го дадете трпението што им го давате на другите. Имате време. Можете да се опуштите. Ќе бидете во ред. Дури и повеќе од тоа, сигурно ќе бидете неверојатни. Само треба да си дозволите да стигнете таму.