15 начини на кои лесно можете да го нарушите расположението за време на сексуалниот однос

15 начини на кои лесно можете да го нарушите расположението за време на сексуалниот однос

Многу е полесно да ја нарушите атмосферата за секс отколку што мислите. На пример, како вие би се чувствувате доколку тој/таа одговори на повик за време на сексуалниот однос или пак, доколку започне со разговор за времето надвор? Нема да ви биде сеедно, се согласувате? Токму затоа избегнувајте да ги правите овие 15 нешта доколку сакате и двајцата целосно и подеднакво да уживате во вашиот сексуален однос…

15 начини на кои лесно можете да го нарушите расположението за време на сексуалниот однос

1. Одговарање на повик

Ова е малку некултурно и покажува дека вашите мисли не се насочени кон партнерот.

2. Кажување на првото „Те сакам“ (без да го мислите тоа)

Да, знаеме дека се чувствувавте прекрасно, но откако ќе помине силната еуфорија и ќе сфатите дека сè уште не сте заљубените работите можат да станат малку чудни.

3. Експериментирање со гимнастика

Доколку не се занимавате професионално со гимнастика, тогаш големи се шансите да ви се појави грч во ногата кој малку ќе ги оладат работите помеѓу вас и партнерот.

15 начини на кои лесно можете да го нарушите расположението за време на сексуалниот однос

4. Изговарање погрешно име

Од оваа ситуација нема враќање назад.

5. Непотребни коментари за време на предиграта

Употребете ги вашите раце, не вашите зборови.

6. Криење на вашето тело

Ве уверуваме дека вашиот партнер ќе ужива во погледот и ни на крај памет нема да му падне да бара маани.

15 начини на кои лесно можете да го нарушите расположението за време на сексуалниот однос

7. Заспивање

Извини, да не ти досадувам?

8. Започнување разговор кој на никој начин не е поврзан со тоа што во моментот се случува

„Па, што мислиш за завесите кои ги гледавме пред неколку часа? Подобро да одиме со крем или со кафеавите?“

9. Кажување: „Во моментов би можеле да правиме бебе!“

Доколку не сте разговарале сериозно и долго на оваа тема, спомнувањето на бебе за време на сексуалниот однос може само негативно да влијае врз атмосферата.

15 начини на кои лесно можете да го нарушите расположението за време на сексуалниот однос

10. Селфи

Ни пред, ни за време на, ни по сексуалниот однос. Чувајте ги овие спомени за себе.

11. Домашни миленичиња во просторијата

Не само што тие ќе ве деконцентрираат туку истовремено ќе чувствувате и дека ја нарушувате нивната приватност.

12. Правење нешта кои не ги сакате

Ова е правило број 1. Најважното правило. (И покрај тоа што тука е број 19.)

15 начини на кои лесно можете да го нарушите расположението за време на сексуалниот однос

13. Покажување со прст и смеење

Не бидете злобни!

14. Вашиот лик ви го одвлекува вниманието

Огледалото може да биде од голема помош за сексуалниот однос, но не и доколку се најде помеѓу вас и вашиот партнер. Вие имате однос со него/неа, не со себе.

15. Раскинување

Мислиме дека не е потребно дополнително објаснување за оваа точка.

15 начини на кои лесно можете да го нарушите расположението за време на сексуалниот однос


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар