15-минутна вежба која брзо ги топи масните наслаги по целото тело
Зимата е проблематичен период кога станува збор за телесната тежина. Нема многу свежо овошје и зеленчук, премногу се јаде за празниците, а единствен начин да ги потрошите сите тие калории е да одите на фитнес. Доколку не сакате да плаќате за тоа или едноставно не ви се излегува од дома, тогаш може да вежбате според инструкциите во видеото на фитнес инструкторката Рина Вокун.
Тоа е 15-минутна фитнес програма за која не ви е потребна никаква дополнителна опрема. Фокусирана е на интензитетот, а тоа овозможува побрзо согорување на наталожените масни наслаги по целото тело. Практикувајте ги овие вежби барем три пати неделно. Ако почувствувате дека не можете повеќе, намалете го интензитетот, но немојте да забушавате. Сепак, колку ќе извежбате, толку ќе потрошите. Не заборавајте ниту да ја „средите“ исхраната додека се трудите да ослабете. Со вакво вежбање ќе потрошите многу калории, но ако внесете повеќе отколку што трошите, резултатите нема да бидат добри.
Изгледајте го видеото и уживајте во вежбањето!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.