15 генијални трикови за убавина и нега што ќе ви го олеснат животот
6. Четката за заби ќе ѝ даде волумен на вашата коса
Можете да ѝ дадете волумен на вашата коса без да користите некои специјални шампони или некои комплицирани фризури. Само чешлајте го праменот со четка за заби од крајот до коренот. Промената ќе биде видлива.
7. Маслото од лаванда ќе ви даде раскошни трепки
Доколку додадете две капки масло од лаванда во вашата маскара, тоа ќе ги направи вашите трепки подолги и убаво раздвоени. Исто така, маслото од лаванда го забрзува растот на трепките, па гарантираме дека ќе бидете пријатно изненадени од брзиот ефект на овој трик.
8. Селотејпот ќе ви помогне со шминката околу очите
Ако користите селотејп како водич за нанесување шминка околу очите, сѐ ќе оди побрзо. За лентата да биде помалку штетна за нежната кожа на лицето, најпрво залепете ја на вашата рака, а потоа одлепете ја.
9. Со стапчињата за уши претворете ја вашата дневна шминка во вечерна
За брзо да ја претворите вашата дневна шминка во вечерна, едноставно замачкајте го ајлајнерот со стапче за уши, а потоа додајте ги вашите омилени бои.
10. Вашата четка може да го промени својот облик
Ако сакате да нанесете квалитетна шминка, нема потреба да ги купувате сите видови четки. Оваа четка може да стане поширока ако ја прицврстите со шнола или потесна доколку стегнете со гумен ластик.
Продолжете на следната страна за последните занимливи трикови кои ќе ви ја олеснат вашата нега.