15 фризури кои можете да ги подготвите од претходната вечер
11. Сушете ја вашата коса со фенот насочен кон коренот на косата. Започнете од тилот, па преминувајте по вертикална линија надолу, прамен по прамен. Секој од овие прамени извиткајте ги во спротивна насока од вашето лице и оставете ги така да стојат во текот на ноќта. За да го добиете вистинскиот ефект, нанесете мала количина пена за коса како и лосион за обликување пред да започнете со виткањето.
12. Поделете ја косата на два дела, намачкајте ја со масло за нега и направете две големи плетенки кои ќе ги прицврстите нежно на врвот. Потегнете ги плетенките од страните со цел да ги направите пошироки за вашите локни утрото да изгледаат порамни. Откако ќе се разбудите, отпуштете ги плетенките и истресете ја косата.
13. Доколку сакате да ја направите вашата коса во локни, сè што треба да направите е да исечете еден обична мека хартиена крпа на мали и долги ленти. Кога вашата коса ќе биде околу 80% сува (ако е повеќе мокра хартијата ќе се скине), одделувајте прамени со големина од 5 сантиметри и замотувајте ги во хартиената крпа. Доколку сакате поголеми локни, користете поголеми прамени.
14. Доколку имате рамна коса и навистина сакате да ѝ направите малку волумен, употребете голема штипка со која ќе ја прицврстите вашата коса на врвот од главата. Штипката, за разлика од пунџата со ластиче, ќе ви помогне да ги одржувате корените подигнати од скалпот и ќе создадете движење коe полека ќе ја зацврсти вашата коса. Доколку сакате да постигнете максимален ефект, додадете малку солена вода на корените. Кога ќе се разбудите, тргнете ја штипката и истресете ја косата.
15. Можете многу лесно да создадете локни така што ќе ја соберете вашата коса во високо коњско опавче пред да си легнете. Испрскајте го коњското опавче со лак за коса, а потоа завиткајте ја косата околу ластичето на врвот од вашата глава и прицврстете го. Доколку имате многу густа коса, направете две пунџи.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.