15 фризури кои можете да ги подготвите од претходната вечер - Part 2

15 фризури кои можете да ги подготвите од претходната вечер

6. Одржувајте ја вашата коса мазна така што пред да си легнете, нежно ќе ја исушите основата на косата со фен, притоа измазнувајќи ја што е можно повеќе. Поставете ја вашата коса во широка памучна лента и наместете ја веднаш на работ од вашата глава. Не користете дополнителни продукти, бидејќи тоа ќе предизвика таа да изгледа помрсно.

(6) 15 фризури кои можете да ги подготвите од претходната вечер

7. Најдете старо памучно ластиче за коса кое не држи цврсто и навалете се кон напред. Соберете ја косата на врвот од вашата глава, превиткувајќи ја на два пати и прицврстувајќи ја со памучното ластиче. Наредното утро, едноставно истресете ја вашата глава и ќе добиете големи и смели локни.

(7) 15 фризури кои можете да ги подготвите од претходната вечер

8. Создадете прекрасна брановидна фризура така што на почеток ќе ставите малку масло или регенератор за коса и потоа ќе ја одделите косата на половина. Започнувајќи со областа над ушите, виткајте мали прамени околу вашите прсти, во спротивна насока од лицето. Не виткајте ги премногу цврсто со цел да можете полесно да ги отпуштите. Секоја мала пунџа зацврстете ја со мали црни шнолички и кога ќе се разбудите, отпуштете ги, нанесете малку лак за коса и вашата фризура ќе биде готова.

(8) 15 фризури кои можете да ги подготвите од претходната вечер

9. Најдобриот начин да добиете секси изглед е со помош на ниска пунџа. Поставете ја вашата коса во нежна пунџа во висина на вашиот врат и со тоа ќе предизвикате таа да добие порелаксирана форма на врвот и лесни бранови на дното.

(9) 15 фризури кои можете да ги подготвите од претходната вечер

10. Оваа фризура од 90-тите години е многу едноставна за подготовка, а изгледа како да сте потрошиле многу време правејќи ја. Сè што треба да направите е да ја измиете косата со шампон и регенератор за волумен, а потоа да ја оставите сама да се исуши. Доколку сакате поделете ја косата на патец, но за поголем ефект оставете ја без никаков патец. Подгответе ги брановите со спреј или пена, а потоа поделете ја косата на 4 или 5 делови кој ќе ги свиткате како јаже, вртејќи ги околу себе во пунџи кои наликуваат на мали вртлози. Прицврстете ги со мали црни шнолички кои ќе ги тргнете утрото. Не заборавајте да ѝ ставите лак за коса пред да излезете од дома.

(10) 15 фризури кои можете да ги подготвите од претходната вечер


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар