15 фризури кои можете да ги подготвите од претходната вечер

15 фризури кои можете да ги подготвите од претходната вечер

Барате начин да го победите утринското брзање? Нема проблем. Сè што е потребно е да почнете со подготовка вечерта претходно. Со помош на овие трикови вие ќе се разбудите со одлична фризура за која ќе ви бидат потребни само неколку секунди да ја обликувате…

1. Вашата коса може да стане помека додека спиете. Справете се со сувата и безживотна коса така што пред да си легнете ќе ја намачкате со лосион. Откако ќе го направите тоа, со помош на густа четка измазнете ја косата по патецот и соберете ја зад вашите уши, превиткајте ја уште еднаш и потоа закачете ја со мали црни шнолички во близина на вашата глава. Утрото кога ќе станете, тргнете ги шнолите и испрскајте ја со лак за коса.

(1) 15 фризури кои можете да ги подготвите од претходната вечер

2. Исто како кога бевте тинејџерка, така и сега спиењето со плетенка е одличен начин на кој можете да се разбудите со брановидна фризура. За најдобар ефект, сплетете ја вашата коса кога таа ќе биде околу 70% исушена и додајте ѝ малку лосион за обликување. Доколку сакате поцврсти бранови, поделете ја вашата коса на 4, 6 или 8 делови од кои ќе направите различни плетенки. Кога ќе се разбудите, отпуштете ги и ќе имате совршено брановидна фризура.

(2) 15 фризури кои можете да ги подготвите од претходната вечер

3. Најдоброто нешто кај кратката фризура е фактот што можете да ја обликувате со вашите прсти за само неколку минути. За да се погрижите дека ќе се разбудите со најдобрата можна фризура, спијте на перница од сатен. Овој материјал не ја апсорбира влажноста на косата како што тоа го прави памукот, а исто така и не создава триење кое предизвикува непослушна коса наутро. И најважно од сè, не си легнувајте сè додека вашата коса не е целосно сува.

(3) 15 фризури кои можете да ги подготвите од претходната вечер

4. Доколку сакате да направите убава кадрава фризура за коса со средна должина, тогаш прамен по прамен, виткајте ја косата во мали пунџи околу вашата глава. Утрото ќе се разбудите со нежно кадрава коса.

(4) 115 фризури кои можете да ги подготвите од претходната вечер

5. За цврсти локни кои изгледаат бушаво, нанесете малку гел на мали делови од косата со различна големина и потоа цврсто извиткајте ги во разни насоки. На крај, одвојте мали групи од вртлозите и од нив направете лабави плетенки. Кога ќе се разбудите поминете со вашите прсти низ нив и ќе добиете бушави локни кои изгледаат одлично.

(5) 15 фризури кои можете да ги подготвите од претходната вечер


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар