15 едноставни чекори кон самоподобрување кои ќе ви го променат животот

15 едноставни чекори кон самоподобрување кои ќе ви го променат животот

Подобрувањето на вашиот живот не е тајна, ниту се крие на другиот крај на светот, па потребно ќе ви биде долго патување за да го најдете, да го откриете тоа што ќе ви го промени животот. Напротив, промената лежи во вас самите, само треба да бидете доволно упорни, одлучни и истрајни за да ја постигнете.

Наместо да седите пасивно и да го чекате тоа „утре“ кое никако не доаѓа, земете ги работите во ваши раце, бидете самите водачи на вашите животи и чекорете кон подобра верзија од себеси. Еве како.

15 едноставни чекори кон самоподобрување кои ќе ви го променат животот

1. Одбирајте го потешкиот пат

Она што во моментов ве плаши и ви изгледа тешко е токму она што треба да го направите. Прифатете го фактот дека големите цели и желби од вас бараат многу жртви и дека напорната работа е неизбежна. Наместо да барате изговори наоѓајте начини и работете напорно. Помислете на последната работа која ја сакавте, а не ви се оствари. Дали изнаоѓавте полесни патишта до целта? Дали баравте изговори да не успеете? Дали вложивте доволно? Клучно е да сфатиме дека лифтот до успехот не работи па ќе мора да одиме по скалите, една по една.

2. Формирајте круг на пријатели на кои секогаш може да им се обратите

Многу е важна поддршката од вашите блиски, луѓето кои ви значат и чие мислење го почитувате. Кога нешто правите погрешно или кога ситуацијата е лоша, потребни ви се луѓе кои ќе бидат искрени со вас и кои ќе ви ги отворат очите и луѓе кои ќе ве мотивираат и поттикнат да не се откажувате за време на тешките периоди. Ако сакате промена во вашиот живот кон подобро, формирањето круг од квалитетни пријатели е нешто што не смеете да го изоставите.

3. Научете да се прилагодите на околностите

Секој искусува лоши периоди во животот. Сте го изгубиле работното место или долгогодишниот партнер и останувате заглавени во депресивни мисли. Животот носи секакви периоди, добри и непожелни изненадувања. Наместо да се преоптоварувате со тешки мисли, научете да ги прифатите нештата кои не можете да ги промените. Времето не се враќа назад, секој пад е важна лекција за животот, прифатете ја.

4. Осигурајте се дека времето не го трошите залудно

Секој миг од вашиот живот е вреден, не трошете го залудно. Дали им посветувате доволно внимание на блиските? Дали си посветувате доволно внимание себеси? Паметно распоредете го времето фокусирајќи се на нештата кои сакате да ги правите и секогаш резервирајте си време само за вас.

5. Секогаш бидете упорни и посветени

Не откажувајте се лесно. Паднавте по втор пат на испитот и веќе размислувате да се отпишете од факултет? Или почнавте со часови по некој спорт и по две недели кревате раце? Тоа со сигурност не е начинот да се стигне до подобрата верзија од себеси. Бидете упорни, посветени и внесени во она што го работите. Бидете постојани и одговорни, вклучени во вашата работа, интереси, врски со други луѓе. Тоа од вас ќе бара да станете од кревет кога порадо би поспале уште некој саат, но тој ризик секогаш е исплатлив.

15 едноставни чекори кон самоподобрување кои ќе ви го променат животот

6. Откријте што е она што сакате да го правите

Можеби имате хоби и разни нешта кои ги практикувате во слободно време, но стоп, што е она што навистина го сакате, она во што навистина уживате? Доколку не можете јасно и прецизно да ја именувате таа работа тогаш уште веднаш посветете се на нејзиното откривање. Мора да постои нешто што ве исполнува максимално, што ве прави среќни, што го извлекува најдоброто од вас. Дали е готвење, пишување, читање, изработка на некакви предмети, земање активно учество во хуманитарни акции… што и да е, посветете му се.

7. Не занемарувајте ги вашите емоции

Обрнете внимание на вашите емоции. Што чувствувате кога го гледате изгрејсонцето, или кога ќе ви се насмее вашето дете? Што кога конечно по долго време ќе ви се оствари вашиот сон? Како се чувствувате во прегратката на вашиот/ата љубен/а? Не потценувајте ги тие мали моменти кога ве преплавуваат емоции. Застанете за миг и вистински чувствувајте.

8. Секогаш бидете отворени за ризици

Излезете од безбедната зона и направете го она од што секогаш сте се плашеле. Без разлика дали тоа е некаков екстремен спорт, телефонски повик кој одамна го одолговлекувате, или разговор кој ве плаши. Соочете се со предизвикот и научете да ризикувате и да излезете од сигурната зона. Така полесно ќе ги дочекувате животните предизвици, бидејќи колку повеќе го одолговлекувате проблемот, толку поголем станува.

9. Бидете подготвени да пружите помош

Помагајте секогаш кога имате прилика. Несебично давајте ја вашата помош, и не заборавајте дека никој не може сè да постигне сам. Помагањето не им е од корист само на оние кои добиваат помош туку и на оние кои ја даваат.

10. Живејте во сегашноста

Многу лесно е да се каже но тешко да се направи. Сите ние можеби и премногу живееме во минатото или иднината, мислејќи за нешто што поминало и планирајќи нешто што допрва треба да дојде. Научете да се фокусирате на сегашниот момент бидејќи само тој е вистински, сè останато е резултат на нашата фантазија. Не чекајте некое посебно време кога ќе почнете да живеете туку впијте го максимално она што е пред вашите очи сега.

15 едноставни чекори кон самоподобрување кои ќе ви го променат животот

11. Научете нешто ново

Стремете се кон нови искуства и нови знаења. Секогаш бидете отворени на нови лекции во животот. Така не само што ќе станете желни за секаков облик на знаење туку и ќе бидете желни да го пренесете вашето знаење.

12. Бидете физички активни

Физичката активност не е важна само за надворешниот изглед туку и за духот. Редовната физичка активност ни го подобрува расположението и погледите на светот. Чувствувајте се добро на секој можен начин и живејте здраво. Тоа во секој случај е подобар избор од седењето пред телевизор.

13. Патувајте и искусувајте

Патувајте секогаш кога имате можност, но не правете го тоа механички. Патувајте за да научите, искусите, пробате, запознаете. Бидете авантуристи во душата и отворете ги вашите видици.

14. Слушајте позитивна музика

Моќта на музиката е голема. Може да ве подигне, расположи, да внесе позитива во вашето секојдневие. Слушајте музика често и препуштете им се на емоциите кои музиката ги предизвикува во вас.

15. Станете ранобудници

Важно е како ќе го започнете денот. По часови минати во одмор, вашиот мозок е подготвен да работи турбо. Успешните луѓе неретко се ранобудници. Наместо излежување во креветот одберете утринска рутина која ќе ви го подигне духот и ќе ве направи попродуктивни во текот на целиот ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар