15 домаќински трикови за блескав дом

15 домаќински трикови за блескав дом

Навистина е тешко да се одржува еден дом беспрекорно чист и уреден. Уште потешко е ако не сте домаќин/ка и не знаете да се справите со извалканиот килим, замачканите прозорци, дрвениот мебел кој нема сјај и што ли уште не. Следуваат 15 совети кои ќе ви го олеснат домаќинскиот живот.

Како да ги исчистите жолтите дирки на вашето пијано?

Можеби ќе ви звучи чудно, но ако ставите малку мајонез на дирките и оставите така да постојат 2-3 минути, а потоа ги исполирате со мека и чиста ткаенина, тие повторно ќе ја добијат својата природна бела боја.15 домаќински трикови за блескав дом

Како едноставно да го кренете јајцето кое ви паднало на подот?

Ако не сакајќи ви падне живо јајце на кујнскиот под и не знаете како да се справите со нередот – не грижете се, имаме решение за вас! Истурете сол врз јајцето на око кое требаше да биде ваш оброк и оставете така да стои 20-тина минути. Потоа лесно ќе можете да го исчистите.15 домаќински трикови за блескав дом

Како да ги отстраните дамките од црвено вино?

На секој може да му се случи да му се истури црвено вино на тепихот. И тогаш сите ги фаќа паника дека дамката нема никогаш да се исчисти. Нема потреба од тоа. Најпрво со некое памучно крпче впијте го вишокот вино. Потоа врз црвената дамка истурете сол, оставете да делува 5 минути и на крајот исплакнете со студена вода. Ако е потребно, повторете ја постапката додека не се исчисти дамката.15 домаќински трикови за блескав дом

Како да ги дезинфицирате детските играчки?

Децата си играат буквално низ секое ќоше од домот и нивните играчки се полнат со безброј бактерии. За да го заштитите вашето дете, внуче, братче или сестриче од разни инфекции, измешајте 4 супени лажици сода бикарбона во 950 мл вода и со добиениот раствор избришете ги играчките.15 домаќински трикови за блескав дом

Како да го спречите капењето восок од свеќите?

Сите сакаме за некоја посебна пригода да ставиме елегантна свеќа на трпезата која ќе создаде убава атмосфера за присутните гости, меѓутоа домаќинот воопшто не е среќен кога ќе ги види восочните капки врз омилениот чаршав. За да го спречите ова, ставете ги свеќите да седат во солена вода  неколку часа и оставете ги целосно да се исушат пред да ги запалите.15 домаќински трикови за блескав дом

Со што да го чистите вашиот мебел за да блеска?

Промешајте зејтин и лимонов сок во однос 2:1 и со добиената течност исполирајте го вашиот дрвен мебел и тој ќе свети.15 домаќински трикови за блескав дом

Како да отстраните лепенки и етикети со цена?

Потопете крпа во оцет и притиснете ја на налепницата неколку секунди. Тргнете ја крпата и етикетата би требало да се отстрани со лесно повлекување.15 домаќински трикови за блескав дом

Како да го вратите сјајот на вашите бакарни садови?

Бакарот потемнува и потоа не изгледа добро, а со следниве трикови ќе успеете да му ја вратите свежината. Наполнете шише со прскалка од пола литар со раствор од загреан бел оцет и 3 супени лажици сол и испрскајте ги бакарните предмети. Оставете го растворот кратко да делува и потоа избришете.15 домаќински трикови за блескав домЗа да блескаат вашите бакарни садови, на една памучна крпа сипете кечап, премачкајте ги и оставете ги така една минута, а потоа исполирајте ги и исплакнете ги со вода. Киселината која ја содржи кечапот ќе помогне да ги отстраните дамките и да го вратите бронзениот сјај.

Како да ја отстраните рѓата од славината на чешмата?

Потопете крпа или тоалетна хартија во бел оцет, замотајте ја чешмата со неа и оставете ја да делува 25 минути. Отстранете ја крпата, избришете ја чешмата и рѓата ќе исчезне.15 домаќински трикови за блескав дом

Како да го отстраните бигорот кој се насобрал на вашиот туш?

Водата содржи бигор и често се случува да се затнат дупчињата на тушот, кој притоа нема да испушта силен млаз. За да го исчистите вашиот туш, во поголемо тенџере загрејте бел оцет (не треба да зоврие) и ставете го тушот во него да седи 1 час. Потоа исплакнете и мисијата е завршена.15 домаќински трикови за блескав дом

Со што најубаво ќе ги исчистите вашите прозорци?

Измешајте еднакви количества вода и бел оцет во шише со прскалка и со подготвениот раствор испрскајте ги прозорите. Со крпа која не испушта влакненца или уште подобро со весник, избришете ги прозорите и тие ќе бидат идеално блескави.15 домаќински трикови за блескав дом

Како да го вратите сјајот на алуминиумските садови?

Започнете со тоа што ќе излупите две јаболка. Ставете ги лушпите во алуминиумскиот сад кој сакате да го исчистите и во него сипете вода за да се покријат. Варете ја водата со лушпите неколку минути, сè додека не забележите дека нечистотијата од дното на садот почне да се вади. Тргнете го садот од рингла и оставете водата да се олади. Потоа измијте го садот, избришете го и ќе можете да се огледувате во него. 🙂15 домаќински трикови за блескав дом

Како да ги отстраните масните дамки?

Имате мрсна дамка на вашиот омилен килим? Еве совет кој можеби ќе ви помогне да ја исчистите: во 70% алкохол ставете сол во сооднос 4:1. Со подготвената смеса бришете ја дамката во насока на влакната на тепихот. Оставете да се исуши и со правосмукалка вшмукајте ја солта која ќе остане на тепихот.15 домаќински трикови за блескав дом

Како да го неутрализирате чудниот мирис во машината за миење садови?

Најпрво извадете ги сите садови од машината. Потоа наполнете ја фиоката за детергент со сода бикарбона и пуштете ја машината да работи на празно. Непријатниот мирис ќе исчезне.15 домаќински трикови за блескав дом

Како да ги заштитите вашите балконски столици од напукнување?

Ако столиците во вашиот двор се направени од ратан или од уште послаб мебел, на едно меко чисто крпче сипете растително масло и премачкајте ги за да бидат блескави и еластични.
15 домаќински трикови за блескав дом


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. nadica Reply

    a kako da se iscisti damka od farba za kosa na materijal od stol??? pozz

    • Кафе Пауза Reply

      Пробај го овој трик Надица:
      Во едно шише со прскалка измешај 1 супена лажица бел оцет со една супена лажица сјај за садови. Прскај од течноста на дамката и со едно чисто крпче триј ја површината која е извалкана.

  2. Стево Reply

    Инаку, дамките од црвено вино најдобро се чистат со бело вино. Поздрав.

  3. NATASA Reply

    SUPER SOVETI! FALA

  4. Monika Reply

    Kako da se otstrani tusot od alista? Falla odnapred

  5. gabriela Reply

    Kako da iscistam damki.od kafe na zidot?

Остави коментар